Лордстаун, Охајо, од 1966 има фабрика за автомобили на Генерал моторс. Последниот модел на возила што се произведува таму е Шевролет Круз. Заради падот на продажбата на Круз и други корпоративни одлуки, ГМ во 2019 ја затвора фабриката.
Малку пазарна креативност и корпорациска магија, фабриката на ГМ во Лордстаун, станува седиштето на новиот старт-ап Лордстаун моторс, во кој ГМ има 75 милиони акции во замена за 7,5 милиони долари инвестиција (25 милиони во кеш + 50 милиони во фабрика, опрема и вработени). Овие 7,5 милиони акции се неполни 5% од акциите на Лордстаун моторс.
И до тука приказната е одлична и сите се среќни: ем ГМ се ослободи од фабриката без да ја затвори и да отпушта вработени, ем вработените уште примаат плата, ем локалната економија и понатаму може да смета на парите од Лордстаун моторс.
На крајот од 2021 беше објавено дека ГМ ги продал сите своите акции во Лордстаун.