Дојде време за големо пролетно чистење велосипед

Водич за два типа велосипед: 1. велосипед што не сте го испрале и средиле зимоска пред да го гаражирате и 2. велосипед што го возите цело зимо (и алал да ви е за тоа).

Нивото на опрема што ќе го користиш за перење на точакот зависи од тоа колку длабоко си навлезен во темата. Меѓутоа минимумот е кофа млака вода, детергент и сунѓер, па потоа само надградуваш.

Од лична опрема ти требаат стари патики и облека, затоа што знае да прска уље од ланецот и ѕвездите, а многу, многу корисно, и за перење и за општо одржување понатаму, ќе ти биде да имаш држач за велосипедот.

Вака опремени редоследот на чистење е следен:

- Ранец и ѕвезди (касета).
- Кочници (без разлика дали се диск или обични)
- Рам, седиште, рачки, педали.
- Гуми и бандажи

Сушење (ако немаш компресор, а немаш) со микрофибер. Прво рамот, а потоа ланецот и тркалата.

Последно е подмачкување, и главно гледај да не претераш

 

Извонредно важна варијација на темата: миење велосипед во стан


Помош околу посебно замастена касета и менувач


Водич за перење маунтајнбајк после офроуд трка


Кога сте веќе тука, ѕирнете и ова

31 март 2022 - 14:39