Нетфликс ќе пушта серија со наслов „Измислувајќи ја Ана“, за Ана Сорокин, која од 2013 до 2017 се преправаше дека е германска наследничка и се инфилтрираше во њујоршката друштвена сцена.
Како и сите корпорации, и Нетфликс е освестен. Во 2018 на пример, отпушти еден директор затоа што го изустил навредливиот збор на Н, иако го кажал дескриптивно при дискусија за навредливи зборови за црнците.
Животот на куратор на музеј за шминка не е вообичаен - и еден таков, знае во петок навечер да заглави на иБеј и Етси барајќи винтиџ шминки и додатоци за нив, па во еден момент наоѓа и марамчиња за шминка.
„Мерењето“ на кое се склони мажите се има провлечено и во научниот свет, со долгогодишната убеденост дека победува и оплодува најбрзиот сперматозоид. Не е баш така.
Се изгасија рефлекторите за Џејмс Мајкл Тајлер, актерот кого светот го запамети по „инвентарот“ Гантер во „Пријатели“. Главните имиња од серијата напишаа емотивни поздрави и се придружија на милионите што сочувствуваат денес. Ние ве потсетуваме на најјаките 10 моменти на Гантер.
Наводно, според извори на Дедлајн, Рајан Гослинг е во финални преговори за Кен во филмот „Барби“ каде што Барби ќе ја глуми Марго Роби. Режира Грета Гервиг.
Малкумина знаат за Сузан Валадон која го има шокирано уметничкиот свет на почетокот на претходниот век со нејзините актови. Била циркузантка, самохрана мајка-тинејџерка и уметнички модел, па сликарка. Валадон имала уникатна патека за време на Убавата епоха и создала дела живописни и искрени како нејзиниот живот.
Голема е фрустрацијата кога ќе си најдеш омилено парче шминка смачкано или искршено. Тие што користат знаат и за мини-инфарктот што те забодува кога ќе ти падне бронзерот на плочки, или кога ќе го најдеш карминот отворен и згмечен во ташна.
Колку пати низ историјата (па и поновата историја) некој кажал нешто ново и важно и го отфрлиле како будала? Има тука примери за ситуации во кои „будалата“ бил во право, а светот бил со главата во песок.
Беате Карлсон прво доби внимание на њујоршката модна сцена поради еден газ - поточно, силиконска реплика на задникот на Ким Кардашијан, а го носеше за време на модната недела. Телесната модификација е начинот на кој Карлсон, креативната директорка на брендот Ававав, ги креира новите силуети.
Минатиот викенд, демонстранти од движењето #BeKind на протест во поддршка на британското претставништво на Амнести Интернешенл се облекоа во знамиња и носеа транспаренти со слогани како „Пуши ми го курот, трансфобична пичко“.
Сеедно за што ќе се слуша Шер, ама овој пат е фино што можеме да ја слушаме како ги анализира комбинациите во кои се има појавувано низ историјата (за Шер не одговара само да кажеш „низ годините“).
Во денешнава хиперпродукција од серии, ретко може да се начека нешто што е добро цело време, сите сезони, и што нема да затупува со секоја наредна. А You беше добра и уникатна во прва сезона, не се расипа во втора и успеа да се надмине себеси во трета.
Претходно имавме едно драгасаветување за „Како да се надмине стравот од самопромовирање“, со кој се соочуваат еден куп луѓе во денешново време на микро-претприемништво. Овој пат, на поиндивидуално ниво, истата Савета, Марта Бек, одговара на друго прашање, што може не го поставуваме јавно, ама си никнува кога ќе се вратиме дома од настан полн луѓе: Како да се социјализирам кога ми е неудобно?
Планирате патување и маусот ви лебди над „плаќање“? Пред да кликнете, можеби треба да размислите уште еднаш - барем така советува Конрад Валисевски, ЦЕО на Трипскаут, апликација за планирање патувања која помага во организација на датуми, буџети и интереси.
Има некоја детска радост што доаѓа со нарачување нешто онлајн, без разлика дали е облека или некој гаџет за во кујна. После па, едвај чекаш да добиеш известување од деливери, па се возбудуваш, па се надеваш, па пеперутки… Но, зошто?
После напорен ден на работа, или дејт што тргнал наопаку, многу од нас се вртат кон друштвото за да се издуваат од фрустрација или гнев - и постои момент кога ова преминува од нормално во проблематично.