Ако инфлуенсерите беа искрени

„Секое утро станувам и прво го местам сталакот пред кревет, па се враќам под ќебе и се преправам дека станувам во 6.“ А никогаш не станува пред 2 попладне.

Сакале ние или не, да си сериозен инфлуенсер во денешно време е стварно професија. Не зборуваме за ликови што не влијаат подалеку од комшилук - оние со стотици илјадници (накај милиони) следачи се под притисок секој ден да имаат содржини, кои притоа одземаат време и нерви за да се спремат, (ако еднаш сте се напнале додека да направите добра слика од рандом оброк, може и јасно ви е).

Па, сепак, не значи дека ќе им замижиме кога лажат. Може е малку нефер затоа што сите брендови и компании што пуштиле реклама макар еднаш во живот - лажат, сушат, а ние сме се фатиле за инфлуенсери кои се самите по себе бренд.

Ама па, кој доручкува смути од кељ?

30 ноември 2022 - 10:55