Кога била мала, ѝ било кажано дека нејзините мислења не се добредојдени. Ова било во 1950-те, кога „децата не требаше да коментираат на она што го зборуваат возрасните. Тоа се викаше враќање и не смееше да се прави. Дури и како мало дете тоа ми изгледаше нефер. Во школо ме бркаа од час дури и кога другите деца беа јасни дека сакаат да слушнат што имам да кажам. Па, ми беше интересно, кога пораснав, дека она за кое ме казнуваа тогаш, сега ми е кариера.“
Има 72 години и мислењата ѝ се сè уште без филтер, речиси секогаш на место и ретко кога вака барани. Има објавено два бестселери - Метрополитан Лајф (1978) и Социјални студии (1981), па после писателска блокада, одново се измислува себеси како јавен говорник. Фиксниот телефон не ѝ е само омилен начин на комуникација, туку единствен. Нема ни мобилен телефон, ни компјутер и нема потреба од вифи. На некои коментари од луѓето од типот „мизантропски и џангризав поглед на Менхтен“, реагира со „Не ми е гајле. Никогаш не ми било.“
„И добро, не се согласуваш со мене - па, што?“ коментира. „Многу ме изненадува колку многу се лутат луѓето затоа што не се согласуваат со некого. Каква врска има тоа?“
Ова е една од предностите да се нема интернет конекција - кога масите ќе збеснат на некоја нејзина изјава, Либовиц не би ни знаела.
„Значи, може и ме откажале, но не би знаела. Ако е така, не ми кажувај! Но, свесна сум дека има луѓе, особено такви што се јавни лица, кои намерно провоцираат луѓе онлајн. Тоа никогаш не би го правела. Не ми се допаѓа таква ситуација. Фактот што знам дека луѓето ми се лутат е само несреќен; зошто ми се лутите? Ама нема да речам, многу ми е мило што се лутите, за да можам да влезам во џиновска, глобална битка со вас. Единствените луѓе чие мислење вистински се важи се политичарите, затоа што имаат моќ над твојот живот и на светот и тоа може да биде неверојатно опасно. Но, ако се грижите само за мислењата на музичари и забавувачи... Не ги гледајте. Не ги слушајте. Просто е.“
Не ја направил само хуморот аутсајдер. Од мала знаела дека е геј, нешто што разбирала и дека никогаш нема да се прифати во предградијата, па решила кога ќе биде доволно возрасна да се пресели во Њујорк. Пристигнала во 1970-та, со 200 долари во џеб што ѝ ги дал татко ѝ и после неколку недели веќе била шворц.
„Го најдов вистинското место за мене,“ помислила тогаш. „Ама не ‘вистинскиот планински врв погоден за медитација‘. Го најдов вистинското место за мене, што случајно е вистинско и за уште 9 милиони луѓе.“
После низа работи како чистење, возење такси и точење пијачки, почнала да пишува филмски критики за еден андерграунд весник, Промени, за кој што продавала и простор за реклами. Некој нејзин пријател пишувал и за списанието на Енди Ворхол, Интервју, па Либовиц го натерала да ѝ договори состанок со уредникот. Кога отишла во Фабриката на Ворхол, нашла челична врата со парче хартија на кое што пишувала „Чукни гласно и најави се“. Ова било после пукањето во Ворхол. Тропнала, слушнала „кој е“ и одговорила: Валери Соланас! (жената што го застрела).
Отворил Ворхол лично, и тогаш ѝ станало јасно дека човекот не е баш генијален.
Сепак, ја добила работата - во тоа време Њујорк бил магнет за надежни уметници, музичари и филмаџии. Кога ја објавила Метрополитан Лајф, добила сјајна критика од Њујорк Тајмс и преку ноќ станала сензација. Рокенрол не слушала, но сепак се дружела со Њујорк Долс и Лу Рид. Фасцинирана е како младите сега го романтизираат Њујорк од ‘70-те - постојано ѝ се обраќаат тинејџери да ѝ кажат колку би сакале да живееле во тој Њујорк.
„Сега ‘70-те во Њујорк се како Париз во ‘20-те. И се разбира, сè помалку луѓе од таа ера се живи. Се ближам кон тоа јас да сум последната. Не знам дали Њујорк беше позабавен во 1970-те, но знам дека е позабавно да имаш 20, отколку 70, колку што имам јас сега.“
Сè уште сака да оди на журки, без разлика што на луѓето тоа им е чудно. Но, сепак, најмногу го цени друштвото со самата себе. Од култна личност станува селебрити, па не е ни чудно што копнее по мир и тишина.
„Кога ќе излезам од дома, сакам да го има градот надвор. Но, сакам и да седам дома. Јас, сама, со сопствените мисли.“
Види и:
Коментарите на Фран Либовиц на Амазон се инстант животни филозофии