„Тој со Линдзи Лохан“ на Нетфликс всушност се вика „Falling for Christmas“ - игра на зборови од англиското falling for you - паѓам на тебе, за вљубување и буквално паѓање - трескање од земја, или во случајов од дрво. Се разбира, филмот е неподносливо ист како и сите божиќни. Има девојка (Лохан) што е нешто зафатена со белосветскиот живот што го води, а од карши обичен, сладок дечко што нешто се труди да направи и не му успева.
Знаете како ова ќе заврши.
Сиера е наследничка на луксузен скијачки ресорт, татко ѝ ја тера да преземе позиција на потпретседател на нешто рандом во фирмата, ама она нејќе - сака сама да створи име. Има сељак-дечко, опседнат со неговиот профил на Инстаграм, што не може да биде подлабока спротивност на оној симпатичниот кој, ете кубури со пари да го оправи неговото мало, семејно хотелче кое исто така треба да служи како контра на луксузниот.
Ама, ништо ново не се кажа во поглед на класичните формули за вакви филмови.
Во тој дух, да продолжиме: После непромислена вожња со дечкото-сељак, Сиера паѓа по планина, се тркала и ја удира главата во дрво. Се буди со амнезија и - groundbreaking! мора да отседне во семејното хотелче додека не почне да ѝ се враќа сеќавањето. И, си знаете, малку божиќна магија, малку дедо мраз, малку бескрајно окезената и оптимистична ќерка на симпатијата - и поминува низ божиќна ренесанса.
Понатаму ќе бидат спојлери, иако нема, затоа што знаеме како сè ова функционира.
Ете, гледавме за вие да не морате. Ама па, може и да одморите мозок малку.