Нај „факоф“ моменти во историјата

„Доста ми праќаш луѓе да ме убијат. Веќе имаме фатено петмина, еден со бомба и друг со пушка… Ако не престанеш да праќаш убијци, јас ќе пратам еден многу брз во Москва и сигурно нема да треба да пратам втор.“ -порака на Тито до Сталин.

Ова кратко но епско произнесување на Тито е можда меѓу поновите примери на „факоф!“ во историјата. На прашање на Редит да наредат вакви примери, има некои што се векови постари, а не помалку јаки.

- На пример, Кутулун, пра-правнуката на Џенгис Кан, рекла дека ќе се омажи за оној што ќе ја победи во борење, а ако не ја победи, ќе мора да ѝ даде 100 коњи. Умрела немажена со 10.000 коњи.

- Од поновите, во ‘70-те, властите во малото гратче Вулкан во Западна Вирџинија, од државата побарале средства за да заменат мост што водел до градот. Државата ги одбила, па од гратчето ГО ЗАМОЛИЛЕ СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ ЗА ПОМОШ. Кога слушнале од каде Вулкан бара помош, веднаш им доделиле над милион долари за мостот.

- Понатаму, на Олга од Киев, сега веќе светица, сопругот ѝ го убиле, па претпоставиле дека едноставно ќе ја освојат и неа и ќе ја присилат на брак. Не само што ги убила сите што дошле да пробаат и тоа многу брутално, туку отишла и на местото каде што го убиле сопругот, и го запалила, притоа цело време правејќи им го филмот дека доаѓа во мир.

- На Ахеменидската империја ѝ било проблем да го освои Египет на почетокот на нивната војна, па решила да искористи ја искористи нивната света фигура против нив. Им дале на војниците мачки и нацртале мачки на штитовите, па Египќаните не можеле никако да вратат и се предале.

- Кога имал околу 50 години, Ото фон Бизмарк се шетал по улица и му дотрчал човек што пукал во него пет пати. Кога завршил човекот со пукањето, Ото му се свртел и почнал да го крши од ќотек, додека не дошле вооружени чувари да помогнат. Кога му ги провериле раните, виделе дека сите пет куршуми го погодиле, ама или само го цивнале, или му се одбиле од ребрата.

И на крај - моментот кога претседателот Мао го викнал Никита Хрушчов на состанок во базен, затоа што знаел дека не знае да плива.

Факоф.

извор

2 декември 2022 - 12:03