Што е толку посебна? Според некои стилисти, брендираните парчиња може да ти се поточни од евтините.
Шио ми га Ѓура.
„Кога се работи за брендирана облека, ќе има многу споредби околу тоа што вреди, а што не, и мислам дека од купувачот зависи каква смисла ќе најде за тоа,“ вели Ели Карамо, стилист на славни. „Брендираното е подобро скроено и гарантирано ќе стои подобро од нешто што е драматично поевтино. Илјада долари на некои им е многу, на некои не.“
Уште еднаш, шио ми га Ѓура.
Маицата на Прада е направена од 100% памук (како во Стружанка), и една Шелби Хајд, моден уредник од Њујорк, вели:
„Како човек што има повеќе маички од чист памук, не можам да замислам како Прада-варијантата вреди за сумата, особено кога има исти такви за само дел од таа цена.“
И добро, јасно е дека текстилот не е главната причина што се распродава ко лудо.
„Привлечноста за повеќето потрошувачи е инстантно препознатливата брендирана плочка напред. Историјата покажува дека логоата на облеката или додатоците се индикатор за позиција во општеството. А ништо не вреска за статусот повеќе од веш од 1000 долари,“ вели Хајд, додавајќи дека дури и кај кежуал гардероба, статусниот симбол сè уште владее. Но, кога ќе ја додадеш и компонентата на луксуз, завршуваш со дизајнерски долни маици, дуксери и други навидум секојдневни предмети.
Трета стилистка, Емили Кармели се надоврзува дека се работи за пост-пандемиска мода, божем сме незадолжителни, како манекенки што не се на должност - тоа би значела Прада-маицата.
„Нема многу за мислење - се делат маичките по инфлуенсери како бонбони - ги има во сите статии за улична мода во Милано и Париз и би била шокирана ако некој од тие што ги носеа воопшто ја купил. Срамота е колку малку ги чини Прада да ги произведат. Се работи за евтин подарок за делење на инфлуенсери, што потоа го освестува потенцијалниот муштерија и го тера да каже, леле, омилениот инфлуенсер го носи ова, ќе заштедам и ќе си го купам за Нова Година. Затоа мислам дека е одлична маркетинг игра за на социјални мрежи.“
Кога некој носи Прада-рамбовка, личи како да му се мотаат вишок 995 долари. Но, за некои, маицата е виза за поголемиот свет на луксузот, бидејќи е ретко парче што можат да си го дозволат од сајтот на Прада.