Најразмазените деца на светот

Не можеш да ги обвиниш - растат со родители што можат буквално сè да им купат. Ако ние не жалиме илјадарки за нашите во денари - овие не жалат илјадарки во долари. А често се и повеќе нули во прашање.

Сури Круз е ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, од бракот за кој Кејти Холмс мораше да купува тајни телефонски броеви и да ангажира адвокати во неколку држави за да излезе. Како мала, Сури доби куќичка за играње во големина за дете да влезе, што вредеше 24.000 долари. Секој Божиќ има детален список за подароци, а кога имаше шест години, нејзините ја однесоа во Дизниленд со приватен авион. Таму спиеле во апартманот на Пепелашка, инаку дизајниран за самото семејство Дизни. И за сега нема податоци, ама кога беше мала, гардеробата ѝ вредеше 3,2 милиони долари.

Норт Вест (на Ким и Канје) деветтиот роденден го прослави на локација до каде што ја однесоа со приватен авион. Ја облекуваат дизајнери од типот на Стела Макартни и Александар Ванг, а менѓушите ѝ вредат колку мал стан во Скопје. Во еден момент, ја има гризнато дадилката, па самата ја има отпуштено на лице место.

Блу Ајви на Бијонсе и Џеј Зи кога била бебе ја бањале во када опточена со Сваровски кристали, вредна 5200 долари. Барбиките ѝ се со дијаманти и вредат околу 80.000 долари, а Бијонсе ѝ има најмено и личен стилист и купувач за да ѝ помага да се облече за јавни настани.

И една што може не ја знаеме баш - Јулија Стакива - ќерка на милијардер, која првата ташна Луи Витон ја добива на 9-годишна возраст. Гардероберот изразен во бројки е 1,97 милиони (нема шанси со мала Сури Круз, ама сепак), а прв пат сфатила дека не секој може да си дозволи брендирана ташна кога се запишала на колеџ. Тврди дека само треба на Инстаграм да покаже колку е богата и славна за да привлече внимание. Од Русија до Украина лета само за да оди на фризер (веројатно периодов не е шишана) и има потрошено над 200.000 долари на козметички корекции.

Вие што си купивте денес?

30 ноември 2022 - 10:55