„Аватар 2“ е најлошиот бизнис во историјата

Изјава на Џејмс Камерон, инаку.

Камерон вели дека „Аватар: Патот на водата“ е многу лоша бизнис-одлука за едно филмско студио, но сепак се прави. А нема ни смисла од финасиски аспект. За да оствари профит, филмот треба да биде трети или четврти филм во историјата по заработка.

„Тоа е прагот. Тогаш си на позитивна нула,“ вели Камерон.

Во моментов, на трето место е исто негов - „Титаник“, со 2,2 милијарди, па потоа „Војна на ѕвездите“ со 2,069 милијарди долари.

Оригиналниот „Аватар“ од 2009 е прв по заработка досега, со 2,92 милијарди долари. Камерон смета дека добро поминал затоа што е „џиновска авантура и сеопфатно емотивно искуство што те поместува до крајот на филмот“. Кажа и дека „поместил граници визуелно“ и дека до ден-денес држи вода, повеќе од цела деценија откако излезе.

Новиот „Аватар“ доаѓа во кино кон средината на декември, ама дали ќе го надмине „прагот“ - ќе видиме.

29 ноември 2022 - 01:09