Постои трансплантација на веѓи

Криси Тиген направила и споделува со светот како тоа функционира.

Во три Инстаграм-стори, Тиген го покажа исходот од пресадувањето веѓи, каде што кажува дека всушност се земаат влакна од задниот дел на главата.

На сликите изгледа прилично глупо, па објаснува дека сè уште ѝ се темни од маркерот што се користел за време на операцијата, истовремено коментирајќи дека е „фино повторно да се имаат веѓи.“

Нејзиниот хирург исто така се пофали и меѓу редови на рекламата имаше издржано излагање за веѓите општо:

„Веѓите се многу важен дел од естетиката на лицето. Ги врамуваат очите и можат или да ги збогатат, или да те нервираат по сабајле затоа што мораш да губиш време да ги пополниш со шминка. Знам премногу луѓе, цели генерации, што или претерале со кубење заради тренд, или едноставно им паѓаат и им се ретчат со текот на времето. Трансплантацијата на веѓи е процедура каде што се договараме за форма, густина итн. и оттаму сè е вештина.“

Откако пациентот и докторот ќе се договорат, се земаат фоликули од скалпот на пациентот и влакното се крати до еден-два сантиметри. Во веѓите се вбризгува мала количина на анестетик и фоликулите внимателно се вметнуваат и се кратат до нормална должина на влакно од веѓа.

Цената низ САД се движи меѓу 3000 и 8000 долари. Може да се очекува благ оток и модринки, а докторот може да ви препише и апчиња против болка, антибиотици и/или стероиди за да ви помогне со процесот на заздравување. Пресадената коса може и да падне, но ќе се појави пак околу три месеци по операцијата.

6 декември 2022 - 12:01