Гвендолин Кристи сама го оформила ликот на Лариса Вимс во „Wednesday“

„Прв пат се почувствував убаво на филм.“

Гвендолин Кристи има неколку јаки проекти зад себе, меѓу кои и „Игри на гладта“ и „Игра на тронови“, а најново ѝ е учеството во серијата „Wednesday“, каде што ја игра директорката Лариса Вимс и прв пат во кариерата се чувствува убава.

Режисерот Тим Бартон ѝ дал слобода да го креира ликот и неговите карактеристики - ѝ рекол да прави што сака, и дека е отворен за дискусии.

„Цело време ми доаѓаше идеја за хичкоковска хероина, сирена од големото платно и чудното беше што истото му текнало и на Тим, а и на костимографката Колин Атвуд.“

Се инспирирала од Типи Хедрен и Ким Новак и вели дека ужива да се трансформира во ликови и луѓе што се комплетна спротивност од неа. Ова ѝ било шанса да отелотвори класична женственост.

„Хероините на Хичкок добиваат секакви трауми, па да може оваа жена да биде одговорна за сопствената судбина, да биде бескрупулозно амбициозна и да се става себеси во ектремни и опасни ситуации ми беше возбудливо.

Прв пат се почувствував убаво на филм.

Немам зборови да искажам благодарност до Тим и Колин и екипата за коса и шминка. Колин Атвуд е легенда со право и тоа што таа го прави во однос на трансформација се граничи со вештерство. Чест ми е што работев со неа и со Тим.“

Гледајте „Wednesday“ на Нетфликс. Гвендолин Кристи стварно блеска секогаш кога ќе се појави.

4 декември 2022 - 23:45