Пијат Кабала-вода.
Целото семејство е инволвирано и водата ја чини околу 10.000 долари месечно. Сакала и базенот и фонтаните да ги наполни со водата, ама тогашниот сопруг Гај Ричи не дозволил - бидејќи е глупо.
Телефони им се дозволени после одредена возраст.
Лурдес добила телефон кога наполнила 15 години, што и не е така страшно правило, страшното е следното.
Растурањето е казниво.
Лурдес еднаш си ги оставила сите алишта на подот. Ова секако бара некаква дисциплинска постапка, но Мадона решила дека е најпаметно да ги собере алиштата и да ѝ ги фрли во контејнер, па ја натерала да ги плати сите.
Не се дозволени списанија, весници и телевизија.
Мадона смета дека телевизијата е штетна. „Тоа е ѓубре. Јас пораснав без телевизија, ништо не пропуштив, телевизијата е отров,“ има изјавено. Замисли да не можеш на тинејџерска возраст да читнеш за некаков тинејџерски идол, бе.
Забранува облека од вештачки материјали.
Облеката на децата мора да е направена од природни влакна и друго не смеат да носат. На Дејвид, 17-годишниот син на Мадона му е дозволено да ја носи нејзината облека и Мадона се радува дека него знае и подобро да му стои.
Имаат исклучиво макробиотска исхрана.
Комплетно органска и вегетаријанска. И бидејќи Мадона не поднесува млечни производи, децата пијат оризово млеко. Сол, сирења, шеќер и благо се забранети. Гај Ричи морал скришно да им дава по некое чоколатце.
Мораат рано да се прибираат дома.
Не смеат да задоцнат, па поради ова, Роко, заедничкиот син со Гај Ричи избра да живее со татко му.
Не смеат да читаат било какви книги.
Смеат да изберат само од книгите на Мадона (и писателка е, дури има и успешна книга за деца).
Не смеат да влегуваат во врска до 18.
Овде има изгледа попуштено затоа што Лурдес се гледаше со Тимоти Шаламе на 16, но сепак, ѝ најми личен телохранител.
Мора да зборуваат со неа одреден број пати во текот на денот.
Кога не се кај неа, мораат да ѝ се јават 3-4 пати.
Мадона одлучува за нивната иднина.
На Роко му се има закането со воено школо, затоа што сакала „да го доведе во ред“.
Чао.