Книга за секоја жена

„Жената го носи мажот на лицето, а мажот жената ја носи на кошулата.“ Хихи.

Клои Кардашијан не донира бебешка облека - продава

Кога стварно имаш пари и бебешка облека што не ти треба затоа што ти е пораснато бебето, веројатно донираш? Клои Кардашијан изгледа на, напротив, без разлика на милионите, ја продава облеката на ќерка ѝ, за суми што не значат ништо посебно за многуте нули на нејзината банкарска сметка.

Уште една причина зошто Ким Катрал не ги игра колешките

Колку всушност заработи Саманта од „Сексот и градот“?

Како актерите од „Хари Потер“ требаше да го решат тоа со Џ. К. Роулинг

Веќе некое време светот се однесува како Џ. К. Роулинг да е вештерка (и тоа во најлошата смисла на зборот) и ја лови на секоја запирка, затоа што е упорна со својот став дека општеството не игра паметно во однос на некои од правата што им се овозможуваат на транс-луѓето.

Сеќавање на Андре Леон Тали

Тали беше американски моден новинар, стилист, креативен директор и editor-at-large на Вог. Од 1983 до 1987 бил уредник на модните вести, па прв црнец-креативен директор од 1988 до 1995 и на крај, editor-at-large од 1998 до 2013. Препознатлив по своите кафтани и екстравагантни комбинации, редовно беше во прв ред на сите важни ревии како еден од претставниците на Вог.

Нема медал за Хари и Ендру

Војводите од Јорк и Сасекс нема да добијат медали за платинестиот јубилеј на кралицата како другите членови на воените сили.

Како да ти објаснам...

Кога би можеле да се вратите во времето и на самите себе да си ја објасните пандемијата, што би кажале?

Што погоди, а што утна „Емили во Париз“ - втора сезона

Ако згрешиш при изговор, ќе те поправат, ама не ти мислат ништо лошо. Ако се облечеш како Емили ќе те гледаат чудно.

А вие би го пуштиле ли Канје дома?

Во најновата епизода на вечната шпанска серија наречена „разводот на Ким и Канје“, Канје Вест тврди дека обезбедувањето на Ким не го пушта во нејзината куќа, дури ни да се види со децата, затоа што Пит Дејвидсон (од СНЛ, и дечко на Ким) бил таму.

Физиотерапевт советува да не се прекрстуваат нозете

Седење со прекрстени нозе е удобна положба за многумина, но излегува дека не е баш најздраво за телото.

Да не ја правиме јапонската

Една Јапонка поднесе тужба против донаторот на сперма кој ја забременил, наведувајќи дека бил неискрен за неговиот брачен статус, образование и етникум.

Почина Нино Черути

На 91 година се одјави еден од великаните на италијанската мода.

Да се биде асистентка на Анри Матис

Велат, зад секој голем маж стои жена. Во случајот на Анри Матис, таа жена не била неговата сопруга со која бил во брак 40 години, туку една шворц бегалка која едвај преживувала во 1932, кога нашла привремена работа кај сликарот. Името ѝ е Лидија Делекторскаја, и без разлика што никогаш не му била љубовница на Матис, имала толку големо влијание во домаќинството, што жена му на крај рекла „или јас, или таа“.

Двајца доктори и 11 митови за стапала

На пример, постои правилен начин за сечење нокти на нозе.

Кога Силвестер Сталоне го извадил Вуди Ален од памет

И така добил една од своите први филмски улоги.

Најновата жртва на „освестените“? Сексот и градот.

„Воук“ културата собра уште еден скалп. На „Сексот и градот“. Да, незадоволни со чистката низ факултетите и корпорациите ширум Англосферата, сега култот кон коректната мисла закла една од најдобрите серии во доцните ’90-ти и раните 2000-ти.

Џина Дејвис и жените во Холивуд

До моментот кога Џина Дејвис го снима „Телма и Луиз“ во 1991, веќе е позната по „Битлџус“ и „Тутси“. Имаше и Оскар за „Случајниот турист’. Сепак, баш со тој филм ѝ се случила промена, благодарение на Сузан Сарандон.

Анџела Басет изгледа добро. Точка.

Ова, по повод оние „комплименти“ со опашка: „Изгледаш добро за годините“. Со своите 63 години, Басет знае дека изгледа добро и нема потреба луѓето да ѝ го кажуваат тоа, особено ако го додадат тоа „за годините што ги имаш“ на крај.

„Тело како татко“ е прифатливо. А „тело како мајка“?

Зборуваме за термините dad bod и mom bod, или во превод, сè што гледаме по улица и не е дотерано со саати теретана, благо заокружено, опуштен стомак и незамарање - за машки. И родено, немано време за внимавање на линијата и исто така заокружено - за женски. Првото е нормализирано, второто не баш.

Спојлерот во „Озборувачка“ што не беше спојлер

Фановите на „Озборувачка“, и тоа оригиналната серија, не ова новово, мораа да чекаат до крај за да го дознаат идентитетот на Озборувачката. И се гледаше дека се измачиле некако да го протнат тоа, и глупо беше, ама ете - пројде. Сега тврдат дека имало хинт уште во првата епизода.

Филмски парови со ужасна хемија

Она кога филмот сака да ти протне дека „овие двајца многу се сакаат“, а некако не ти се верува.

Натали од „Всушност, љубов“ не беше дебела

А кое друго време е поприкладно за оваа дискусија, ако не денешново.

Примери на здраво однесување што луѓето и понатаму го презираат

Колку пати сте биле предмет на мајтап кога ќе кажете „не пијам алкохол“? Или дека сакате да чистите? Некои работи се всушност здрави одлуки за човекот што ги прави, но сепак налетуваат на необјасниво незадоволство кај другите.

Кај Џон Галијано дома

Има на почетокот на епизодата многу фина филозофија: „Предметите инспирираат, и тоа не само во однос на енергијата што ја носат, туку и нашата врска со нив.“ Опкружете се со вакви предмети.