Украинскиот министер за култура се побуни за „Емили во Париз“

Министерот ја гледал серијата и ич не бил задоволен.

Тајната на остварување на новогодишните одлуки

Според некои истражувања, само околу половина од новогодишните одлуки стигаат до половина јануари, а ич да не навлегуваме колку од нив се за цел живот. Но, има еден неконвенционален пристап за санирање на овој проблем. Се вика „старогодишни одлуки“.

Како да си најдеш работно место со добар баланс на „работа-живот“

Новото време донесе работење од дома, а со тоа и потешкотии да стигнеш до моментот на гасење компјутер и одвојување на работата и приватниот живот. Се појавија и безброј статии, истражувања и иницијативи на работа за постигнување на подобар баланс на работа-живот.

Што е „мамурксиозност“?

Hangxiety, од hangover и anxiety, или на нашки - кованица од мамурлак и анксиозност, е кога после ноќ помината со алкохол, наредниот ден вадиме симптоми како за анксиозност.

Каков е тој „Хари Потер рејунион“ без Џ. К. Роулинг?

Екипата (барем дел од неа) на „Хари Потер“ се собра да прослави 20 години од првиот филм во специјална епизода на ХБО. Зборуваа тројцата најбитни, па Роби Колтрејн, па Хелена Бонам Картер и Гери Олдман, тројца од режисерите и други слични важни имиња. И имаше 2-3 архивски снимки од Роулинг без која еден куп деца сега немаше да имаат кариери, а милиони ширум светот немаше да имаат - Хари Потер.

Одиме во вилата на Лагерфелд

И, затоа што го нема да нè пречека (читај: да ги пречека гостите од Вог), во негово име тоа го прави една од неговите најблиски пријателки, Леди Аманда Харлех, која со него има работено во Шанел од 1996.

Илустрации од животот меѓу сите телефони, таблети и екрани

Беатрикс Пап е дизајнер и пред две години почнува серијал од илустрации за луѓе животни и технологија. И како ретко кога, во нејзината визија технологијата не е ѓаволот. Ги нема тие мрачни, извитоперени слики од пропаднати луѓе што зјапаат во екран. Не, ако сме искрени, животите ни се опкружени со технологија. И често тоа супер изгледа.

Мрачното минато на Лореал

Глобалниот козметички конгломерат Лореал има посветено над 100 години на убавината на нашата кожа, порачувајќи ни дека „вредиме“ по билборди и списанија. Исто толку време има поминато и пресликувајќи преку своите грди брчки предизвикани од не-баш-беспрекорното минато.

Хемијата зад колачите

Нека не ве лаже престилката: пекарите се всушност луди научници.

6 работи што не сте ги знаеле за Жозефин Бејкер

Без разлика што е од Сент Луис, многу години името на Жозефин Бејкер било непознато за просечниот Американец. За просечниот Французин - и тоа како било познато. Закопана е во Пантеон мавзолејот, заедно со Виктор Иго, Волтер и Марија Кири.

Која е Леди Керолајн Блеквуд?

И легенда и легендарна пијаница, иако тврдела дека пијалокот што го произведува нејзиното семејство е гаден. А кој е пијалокот на нејзиното семејство? Па, Гинис.

Новиот филм на М. Најт Шамалан ќе биде еден кадар

На авторот на „Шестото сетило“ секогаш му се драги експерименти, ама најновиот проект може да се покаже како најголем предзивик досега во кариерата.

Да не го заборавиме таткото на унисекс-модата

Денес Хари Стајлс, претходно (и сè уште) Дајен Китон - имиња познати на секоја генерација, што постојано се посветени на мода што ја надминува родовата бинарност. Брендовите забележуваат и учат, но долго пред да стане мејнстрим, во 1960-те „на власт“ бил Руди Гернрајх - еврејски бегалец од Австрија, кој до денес останува еден од највлијателните авангардни дизајнери.

Што се случи со Карен и Хари во „Всушност, љубов“?

Во моментов е сезона на „Всушност, љубов“, па може да се потсетиме на едно горливо прашање што сценаристката на филмот го одговори во 2015.

Гледавте втора сезона „Емили во Париз“?

Втората сезона на една од најгледаните серии минатата година дојде со послабо сценарио од првата, вети подостојно прикажување на реалноста во Париз и француската култура, а публиката доби ново емилизирање на светот и уште затрупување со шаренило наместо суштина. Дали тоа значи дека овој пат беше тешка за гледање и ме мачеше со денови? Се разбира дека не, ја изгледав за една вечер.

Култни празнични филмови за луѓе што мразат празници

Ако ви е малку преку глава од еуфорија, или едноставно отсекогаш сте сакале да се сокриете под ќебе додека сите пазарат подароци и планираат дочек, има и за вас филмови.

Малку сме пропаднати, ама и тоа е за луѓе

Во 2021 требаше сè да се среди. Донекаде и беше така - видовме како се враќаат кафани и концерти и фестивали, излегоа филмови, славните сфатија дека нејќеме да ни проповедаат со Imagine - такви работи. А сепак, еве нè, уште безидејно лежиме по дома.

Никол Кидман веќе губи можности за работа

Иако е една од најзначајните холивудски актерки на нашето време, Никол Кидман вели дека откако наполнила 40, има сè помалку ангажмани, заради сексистичките холивудски стандарди.

Надреалистичната мистерија на Леонора Керингтон

На хартија, таа е изгубениот британски надреалист; дебитантка од Англија што се одвоила од нејзиното богато семејство, се вљубила во Макс Ернст и избегала со него во Париз, наоѓајќи се себеси во центарот на надреализмот.

Марк Џејкобс за накит, Студио 54 и други занимливости

Американскиот моден дизајнер дискутира и за потеклото на фразата „Појадок кај Тифани“.

Каде згреши сексуалната револуција

Многу придобивки има од тоа што општеството разви потранспарентна и побесрамна врска со сексот. Секако значи прогрес кога она што се случува во нечија спална повеќе не е прашање на јавен морал. Но дали се само придобивки? Супер е што сега геј-врските не се билет во еден правец за затвор, и што луѓето веќе не им судат на мажите и жените што се впуштаат во секс без обврски. Но дека има негативни страни - има.

Трилер со викинзи и Бјорк

Доаѓа одмазднички, викиншки филм и сега има и трејлер.

На Крис Нот му ја вадат душата

Пејџ Сикс сега известува дека жена му е „многу вознемирена“ и дека агенцијата го откачила.

Ни името не смее да ѝ се знае

Или, како што е изразот во нејзините книги, Онаа-што-не-смее-да-се-споменува. За „освестените“, Волдеморт е жив, ама ќе го решат тие.