Сите Спајдермен-парови биле во врска, иако на сите им рекле „Не“

Том Холанд и Зендаја им се опсесија на сите медиуми што се бават со животот на славните, и неодамна ја потврдија нивната врска. Она што не се знаеше е дека продуцентката Ејми Паскал ги предупредила ако може да не се „фаќаат“.

Мисли ли некој на силувачите? Не, само на себе мислите

Џ. К. Роулинг беше безобразна со силувачи. Држ’те ја.

11 најдобри зимски чизми за секој ден

Ако пребарате „зимски чизми“ периодов, ќе се соочите со плејада од гумени ѓонови, дебели врвки и практични решенија - чевли што се одлични во техничка смисла, но им фали нешто во стилот. Како треба да изгледаат секојдневните чизми што треба да бидат нешто повеќе од „колку да ти е топло на ногата по улици“?

Наука на радоста

Идат празници, пробајте да соберете радост „во тегла“.

Мажи не добиваат вакви прашања

Како што вели Вивика А. Фокс, не мора да си биолошка мајка, за да имаш, или да сакаш деца.

„Покетинг“ или „врска за во џеб“

„Покетинг“ или „ставање во џеб“ е кога не кажуваш дека се гледаш со некој и е многу попопуларно отколку што ни се чини.

Брук Шилдс: Стареењето е секси

Може личи како Брук Шилдс да ги одминала најубавите години, но со своите 56, инсистира дека се чувствува посамоуверено и посекси од кога и да е.

Тајниот бункер под Ајфеловата кула

Некои од вас (и нас) дури денес ќе дознаат дека Густав Ајфел ја користел неговата кула како лична старт-ап лабораторија за научни иновации. И не само тоа - под неа има таен воен бункер со влез што е блиску до јужниот столб.

Утешна награда

Ќе има спојлери за And Just Like That... во продолжение, да не биде не сме кажале.

Шармот на Лондон во ‘80-те

Сунил Гупта пристигнува во Лондон кога Тачер пристигнува на власт, а дури сега ги објавува фотографиите направени за време на една комплицирана раскрсница во историјата на градот.

Облекување „како маж“

Учиме историја за „мажествениот“ стил на женската мода. Во коментарите има бисер: Една жена ја прашува мајка ѝ, родена 1926, што толку било битно и страшно кога жените почнале да носат панталони. Одговорот е, „Затоа што одеа скроз до горе!“, што значи се гледало каде завршуваат нозете, а каде почнува... газ!

Разгледуваме кај Иман и Дејвид Боуви дома

Ќе беше убаво двајцата да можеа да ја пречекаат екипата на Вог дома. Сепак, иако го изгубивме Боуви, неговото присуство се чувствува во секој ќош од нивниот дом во Кетскилс, Њујорк.

Крис Нот ја одбрани Сара Џесика Паркер од Ким Катрал

Саманта и Кери може се најдобри другарки во серијата (барем до последнава ствар), ама Ким Катрал и Сара Џесика Паркер - никако. Катрал со гадење зборува за колешката, ама на Крис Нот (Мистер Биг) не му се слуша тоа.

ИКЕА стан за помалку од долар

Икеа изнајмува минијатурен стан во Јапонија за помалку од 1 долар месечно.

„Тетка без деца“: Жени што редефинираат семејни улоги

Сè повеќе жени без деца активно ја прифаќаат улогата на тетки. Експертите велат дека е време да им ја признаеме оваа улога за доброто влијание и трансгресивноста што ја има.

Мора да видите колку е јака Адел

Овој пат не заради албумот, не заради гласот, туку заради хипер-фраерскиот став и гардероба на утакмица со дечко ѝ. Ана Винтур пензионирај се, иди си.

Повторната средба на „Пријатели“ не ѝ била пријатна на Џенифер Анистон

Ви текнува каква меланхолија владееше во текот на целата специјална епизода?

Пред дигиталниот плакар на Шер Хоровиц, Марија Антоанета имала гардеробер во книга

Ви текнува на програмот што Шер од Clueless го имаше на компјутер, за испробување комбинации без мачење да се облекува? Е па, долго пред тоа, кралицата Марија Антоанета секое утро се консултирала со Gazette des Atours, компилација од примероци од материјали што го претставувале секое можно парче од нејзиниот неверојатен арсенал на облека, внимателно подредени по боја.

Моќта на шминката: Адел и НикиТуторијалс

Јутјуберката НикиТуторијалс нејзиниот серијал „Моќта на шминката“ го започна во 2015. Почна со себе, па дојде Ким Кардашијан, па Дру Баримор. За најновата епизода ја има покането Адел.

Празниците во Бергдорф Гудман се многу Вес Андерсон

Фасадата на Бергдорф Гудман во Њујорк е и онака Вес Андерсоновска, па Џи Кју ќе праша „зошто да не се искористи тоа?“

Празничната брука на Шанел

Шанел пушти календар со производи во продажба - секој ден, до Божиќ си отвараш по една вратичка и си наоѓаш „корисен“ производ - чинеше 825 долари и тоа што се паѓа внатре е срамота.

Славиме стрии со Ешли Греам

Никој како Ешли Греам не може да нè потсети дека некои работи на нас не се страшни, туку… па веројатно фини.

Растурање митови за ОЦД

Има разлика меѓу „нарушување“ и „тенденции“. И ако сме само со второто, треба да сме благодарни.