Така се носеше Бет Мидлер

Блејк Лајвли и СЏП и Присила Присли паѓаат во сенка. Бет Мидлер учествува во серијалот My Life in Looks на Вог, и само тоа е важно.

Подемот на спиноф-от ја убива поп културата

И после децении останува несфатлив овој комплекс на забавната индустрија, холивудските студија, големите телевизиски продуценти и стриминг-џиновите, предадени од тесногледа алчност и креативен банкрот.

Смртта на мејнстрим комедијата

Лу Перез на тема како освестеноста ја убива комедијата - и како новата генерација комичари можат да ја спасат.

Вонбрачната салата на Оливија Вајлд и други салати на славните

Меѓу многуте ужасни откритија на Дејли Мејл за пропаста на врската на Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис во 2020 беше дека во еден момент Вајлд направила салата со „посебен“ сос за да му ја однесе на новиот дечко, Хари Стајлс, а Судеикис толку се вознемирил што легнал пред колата за да не може да излезе.

Најдобрите гости на Раф Симонс во Лондон

За колекцијата пролет/лето 23, Раф Симонс собра народ во магацин во југоисточен Лондон и покажа разголени кроеви, комбинезони во секакви бои и дезени и привлече луѓе од страна што го направија настанот уште позанимлив. Фотографот Хенри Милс го забележува тоа и почнува да се шета во гужвата и да ги слика највпечатливите гости.

Што е тоа „тивко отпуштање“?

Законите на трудот го викаат „конструктивно отстранување“, ама ТикТок има друго име.

Потсетување дека е сељачки да бидеш непријатен со келнери

Конан О‘Брајан има отпуштено член на екипа затоа што бил нељубезен баш кон келнер.

Да веруваш дека Бијонсе е креативен гениј е како да веруваш на кечери

Дозволете само да кажам дека е во ред да ви се допаѓа што и да е, без разлика дали е Топ 40 Поп музика или кечери. Сепак, мислам дека е разумно да се каже дека или си мало дете, или си многу наивен возрасен човек ако искрено веруваш дека борачите во WWE реално се тепаат, а не дека прават шоу.

Оние коли што ги делеше Опра бесплатно не биле баш бесплатни

Дали знаевте дека после славната „You get a car!“ епизода на Опра, каде што раздаде 276 коли во публика, што во тотал чинеа 7,6 милиони долари, се јавиле разочарани добитници затоа што им бил наплатен 6-7000 долари „данок на подарок“?

Уметноста на правење пликоа

Шарени хартии, алатчиња и машинчиња за правење фини, персонализирани пликоа. Од оние активности што можеш само да ги гледаш и да одмараш, а ако имаш среќа може да си и од ретките што ги бива за овие детали. Овде веројатно се раѓаат покани за свадба и custom честитки за разни поводи. Просто да му дојде на човек да си ги нарача сите овие симпатични глупости и да се помири дека месец дена подоцна ќе ги заборави во некоја фиока. Или, ќе ви се најде за бизнис идеја.

Ноќ на вештерките, минатиот век

Изворот вели дека се работи за 1900-та, ама очигледно е на некои од фотографиите дека се од нешто подоцна. Како и да е, еве, пригодно за периодот - од каде хорори влечат инспирација.

Традицијата инаку потекнува од древниот келтски фестивал, Савин, кога луѓето палеле огнови и носеле костими за да ги избркаат духовите. Во 8 век, папата Грегориј III го означил 1 ноември за ден на оддавање почит на сите светци и наскоро, Денот на сите светци вметнал дел од традициите на Савин.

Мајките често ги караат дека „ги оставиле децата“. Зошто не и татковците?

Оливија Вајлд често ја фотографираат без нејзините деца. И има луѓе што мислат дека „ги напушта мајчинските должности“ поради тоа.

Славни ликови на журки во ‘90-те

Некогаш е афтерпарти на премиера. Некогаш е роденден на Елтон Џон. Некои слики се толку преплавени од филмски ѕвезди испоседнати како на свадба во Континентал, што не можеш да ги доброиш.

Журки какви што се правеа во ‘90-те веќе не постојат (ако постојат, не сте ги пријавиле). Без смартфони (и инфлуенсери да измачуваат со нив), славните се појавуваа на гала вечери, родендени, премиери и афтер-забави, ведри за новинарите надвор, па внатре удобно скриени, со ретка фотографија што ќе покаже колку им било епско.

Компанијата на Сајмон Кауел може да добие тужба за трауми

Поранешни натпреварувачи на Икс Фактор тврдат дека појавувањето на шоуто било „ужасно искуство“.

Титаник, 2022

Што ако „Титаник“ се снимаше/случеше во 2022?

Дали се мие коса пред фарбање?

Ако планирате да се фарбате дома, или имате закажано на фризер - со миена коса, или не?

Притисокот да им ставиш име за кралски деца

Кејт Мидлтон го споделува искуството при бирањето имиња за нејзините деца.

Може ли да престанеме на 35-годишни да им викаме дека се „престари за раѓање“?

Двојните стандарди владеат кога се работи за возраста и станувањето родител.

За следната фризура ќе ви треба старо ренде

Јасно ни е дека дома вака нема да излезе со два-три потези, ама убаво е човек да си замисли. Дали има потреба од ова е исто така под прашалник, ама па, брзо ќе се стемнува, ладно ќе биде за излегување... Што ќе правиме дома?

Луѓето уште не можат да се соберат од хемијата на Бредли Купер и Лејди Гага

Се појави видео од подготовките за филмот и реакцијата на Купер додека Гага пее ги избезуми луѓето.

Џаред Лето ќе го глуми Лагерфелд во нов биографски филм

Тазе од „Куќата на Гучи“, актерот ќе се трансформира во Лагерфелд, а и во продуцент на филмот.

Бибиси-спојлерот за Евровизија 2023

Греам Нортон требаше свечено да објави во кој град ќе се оддржува Евровизија 2023, со тоа што уште пред да каже, сите можеа да видат.

Серијата на Хари и Меган Маркл може „да оди во фиока на неодредено“

По смртта на кралицата имале толку многу барања за измени, што постои можност сосема да се тргне од репертоарот на Нетфликс.

Можно е да е здраво тоа што Бред Пит ти е „дечко“

Дали сте гледале интервју со славна личност, па сте помислиле колку би ви било забавно да се дружите? Или религиозно следите спортисти на социјални мрежи, па се однесувате како нив? Или чувствувате лично предавство кога ќе видите скандал со омилен глумец или пејач? Ако имате потврдни одговори, тогаш е можно да сте во парасоцијална врска.