Лицето на Адријана Лима е од чување три деца и три кучиња

Се појавија шпекулации дека имала пластични операции, поточно, сè попопуларната операција за „мачкини очи“.

Неодамна, Лима се соочи со негативни коментари заради изгледот на премиерата на новиот филм „Игри на гладта“.

Носеше краток црн фустан со црвени детали, грди штикли, изгледаше супер, само што, на интернетот му текна да ја спореди со слика од 2018, и разликата е очигледна.

Сè повеќе луѓе се уверени дека направила операција за „мачкини очи“ - процедура во која се крева окото и се закосува, иако има и поприбрани луѓе што велат дека може да е шминка во прашање.

Дискусијата се разгоре до тој степен, што се јавија и луѓе да ја бранат, меѓу другото дека има над 40 години и дека е мајка на 3 деца. На крај мораше сама да реагира.

„Ова е лице на уморна мајка на една тинејџерка, две помали деца, од кои едното е активно момче, а другото има една година и учи да оди, плус три кучиња. Фала ви за грижата.“

Инаку, вака ја закачаа и Криси Тиген пред некое време - дека боцкала нешто, додека не објасни дека само „се здебелила“.

20 ноември 2023 - 11:12