Џесика Рабит не била ни нацртана додека се правел филмот

Боб Хоскинс има изјавено дека до крајот на снимањето на „Кој го намести Зајакот Роџер“, Џесика Рабит сè уште не била нацртана, и немал поим како ќе изгледа.

Режисерот Роберт Земекис му кажал да си ја замисли идеалната сексуална фантазија и Хоскинс вели дека била далеку “понесекси“ од ликот.

Главно глумењето се одвивало на хрома, со визуелизирање на цртаните ликови кои подоцна требало да бидат додадени. Во интервју во 1988, за данска телевизија, има кажано:

„Морав да научам да халуцинирам за да ми успее. После шест месеци и шеснаесет часа дневно, изгубив контрола, па почнаа ласици и зајаци да ми излегуваат од ѕид.“

Не работел ништо уште цела година.

Две недели откако го гледале филмот, син му (мал) не сакал да му направи муабет. Кога конечно прашал зошто, детето му кажало дека не му се верува дека татко му работел со ликови како Душко Долгоушко и не го ни викнал да ги запознае.

За улогата што ја играше Хоскинс - Еди Валијант - се размислувало и за Роберт Редфорд, Харисон Форд, Силвестер Сталоне, Џек Николсон и Ед Харис. Земекис во интервју рекол дека тој и Стивен Спилберг кој е извршен продуцент сакале да го ангажираат Бил Мареј, но не можеле да дојдат до него во тој момент.

Од друга страна, Бил Мареј има кажано дека кога го прочитал тоа интервју, вреснал колку што го држи гласот, без разлика што бил на јавно место затоа што дефинитивно ќе ја прифател улогата.

1 декември 2023 - 00:00