Тиктокерот што дава нов живот на Coach чанти

Се вика Вил Тајлер и на ТикТок е од пред година ипол. Ја чистел торбата на другарка и решил да го документира тоа. За кратко наоѓа заедница на луѓе на кои заедничка им е наклонетоста кон брендот Coach и сега има клипови со милиони прегледи.

Демонстрира како се чисти, навлажнува и како се прават основни поправки на архивски Coach торби, кои се изработени од специфичен тип кожа (истиот од кој се прават ракавици за бејзбол).

„Грижата и одржувањето на кожата знае да биде многу терапевтски процес,“ вели Тајлер за ИнСтајл. „Сум зборувал со многу луѓе што го имаат ова хоби и сите се изненадени од тоа колку ги опушта.“

Прво користел автоматски глас за видеата, па полека почнал со воисовер и луѓето почнале да му пишуваат колку уживаат во неговиот глас.

А помага и фактот што е свој на своето. Неговиот однос со Coach оди подлабоко - работи како менаџер за визуелно брендирање од 2007.

Сега, меѓу пасијата за брендот и децениското искуство, знаењето му е енциклопедиско. Чантите ги наоѓа насекаде, од продавници за половни предмети, до бувјаци. Не е прашањето дали ќе најде, туку дали тоа што ќе го најде е доволно добро за неговата колекција. И тоа што ќе заклучи дека го бива, не мора да значи дека е очекувано.

„Барам парчиња што мислам дека би биле заборавени, што не се во добра состојба - искинати, со дамки, валкани. Сакам такви, затоа што имаат приказна.“

На крај, има неколку опции за тоа како ќе завршат. Некои ја красат неговата канцеларија, други служат за едукација.

„Освен што ги чистам и реставрирам, ги користам и како алатки за подучување и инспирирање други,“ вели тој. „Хобито го споделувам делумно во надеж дека ќе инспирира некого. Не знам за што се, но едноставно сакам да ги собирам. Мене ми е тоа уметност.“ 

@willdernesstyler A reminder to take care of your leather ✌🏻 #leathercare #vintagecoachbag #coachbag #sustainablefashion #handbagtiktok #cleaningtiktok #fyp #foryou ♬ pastel skies - Rook1e
24 ноември 2023 - 00:00