Фрлајте кармините, Џенифер Кулиџ има соработка со Е.Л.Ф

Добро, никој досега не фрлил кармини затоа што излегле нови кармини, затоа и се давиме во производи, ама шала на страна, Џенифер Кулиџ извади комплетчиња за усни во соработка со Е.Л.Ф Козметикс и тоа е многу важно.

Уште поважни од тоа се клиповите за промоција, каде што Џенифер Кулиџ бива Џенифер Кулиџ.

Самото пакување е прекрасно, за тие што сакаат да им се погалат сетилата и чувството за естетика, особено сега во денешно време кога не е доволно само да го купиш производот, туку и какво е чувството кога го држиш, дали му мириса убаво пакувањето, дали тежи во рака и колку свила е употребено за да ти се допадне. Прашајте го Џефри Стар.

Колекцијата се вика Dirty Pillows, што евоцира спомени на едно време кога се случуваше заспивање со шминка (не на сите, пу-пу), веројатно во обид да се привика атмосфера на будоар, наместо неодговорност со вечерните рутини за нега.

Првата соработка со e.l.f ѝ беше во февруари.

„Кога ги смислив нијансите, мислев дека ќе се расправаат со мене. Дека има луѓе што те охрабруваат и ти велат ‘сакаме да направиме нешто заедно со тебе‘, па после си тераат своја агенда,“ вели Кулиџ. „Но, e.l.f ми дадоа комплетна слобода.“

Ова значи дека можела да се држи до нејзините препознатливи светлорозеви нијанси - во минатото мешала производи за да може да стигне до вистинската нијанса што ѝ одговарала на тенот.

„Не ми стои темноцрвена, или темнокафена,“ вели таа. „Сѐ што е потемно, не ми успева. Ако некој рече ‘Усните ти изгледаат одлично‘, тоа е комплимент, но уживам кога ќе речат ‘Каква комбинација имаш ставено?‘ Тоа ми е врвниот комплимент, затоа што тогаш сакаат да изгледаат како тебе. Кој има време да слуша монолог ако навистина не го интересира?“

Но, да не должиме многу. Рекламните видеа се побитни:

22 ноември 2023 - 11:33