Маха Дакил, агентката на Том Круз дала оставка од позицијата на ко-менаџер на одделот за филмови во Creative Artists на почетокот на месецов, а уште славни личности се соочуваат со последици заради нивните јавни мислења за конфликтот. Мелиса Барера ја исфрлија од „Вресок“, а ја откачија и Сузан Сарандон од нејзината агенција - имала проблематични изјави за време на про-палестински протест.
Агентката на Том Круз се соочила со проблеми откако споделила неколку Инстаграм-објави поврзани со конфликтот, меѓу кои и „Има ли потажно од тоа да сведочиш на геноцид? Да сведочиш на заблуда дека не се случува геноцид.“ Круз кажал дека комплетно ја поддржува и бил на состанок во агенцијата за да ја потврди неговата солидарност. На Дакил ѝ е дозволено да ја продолжи работата како агент, но според некои извори имало сериозни конфликти на работното место, каде што колегите се заканувале дека ќе напуштат поради третманот што го добила.
Агенцијата прекинала соработка и со неколку други лица, меѓу кои и вработен и клиенти, поради „остри анти-израелски објави на социјалните мрежи“.
„Направив грешка со репост на Инстаграм-стори, каде што имаше штетно изразување,“ изјави Дакил за Варајети. „Како многумина од нас, се справувам со тага. Се гордеам со тоа што сум на страната хуманоста и мирот. Многу сум им благодарна на моите пријатели и колеги Евреи кои ги истакнаа импликациите и ме едуцираа. Веднаш ја избришав објавата. Жал ми е за болката што ја предизвикав.“
Крајот на Ковид-пандемијата и отварањето на кината и настаните изгледаше како крај на маките на Холивуд (после периодот на лустрации на филмски ѕвезди), за набрзо да ги стигнат штрајковите на САФ-АФТРА, за конечно да завршат токму кога се појавува нов лов.
А немаат сите Том Круз.