Парис, Бритни и Инстаграм

Парис Хилтон објави три слики со Бритни Спирс и веќе имаат над милион лајкови.

Зборот „селфи“ го додадоа во речникот Мериам-Вебстер во 2014, но според Парис Хилтон, самиот чин на правење селфи постои многу подолго (постои уште подолго ако го земеме Јан ван Ајк и неговиот „Човек со турбан“ од 1433, но добро).

Парис сподели слајдшоу од стари фотографии на Инстаграм со Бритни Спирс и за еден ден, постот акумулираше 1,1 милион лајкови. Сега е веќе на 1,6.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Сликите се од 2006, врвот на Парис и Бритни, а Парис забележува дека се направени уште пред „селфито“ да стане тренд.

„Пред 17 години, со Бритни го создадовме селфи! Тагнете ме на вашите најјаки селфис за да ја прославиме оваа епска иновација.“

Бритни и Парис се дружат неколку години (ако не и децении). Иако не сме ги виделе заедно долго време, Хилтон претходно има кажано дека сè уште контактираат.

Него, за тие што ги интересира, еве ја „Човек со турбан“:

Првото селфи евер е насликано во 1433, а посебен портрет насликал и од жена му. Припаѓал на општествена група што почнала за надомест да слика портрети, кои веќе биле популарни меѓу богатите Холанѓани.

Вести за Парис и Бритни можеле да бидат корисни.

23 ноември 2023 - 00:00