Според терапевтите, празничната сезона носи куп емоции и предизвици за многумина - парите се на врвот на списокот, а потоа очекувањата (за подарување), празнични настани и трошоци за патување. За некои, и семејните собири се избор на стрес. Овие стресови ги имаме преку целата година, но се дуплираат за време на празници.
А социјалните мрежи воопшто не помагаат, напротив - ги потхрануваат оние чувства и фрустрации на луѓето дека не прават доволно или дека самите не се доволно. И онака се трудиш да им удоволиш на сите, со совршени подароци или гости и гледаш слика од нешто појако - нормално дека е тригер за несигурност.
И бидејќи да се споредуваш со другите е убиство за празничната радост, експертите советуваат поставување на граници за социјални мрежи. Пред се, да се биде свесен дека она што се споделува таму е „селективно споделување“, односно сигурно некој нема да ја сподели празничната трпеза плус тепачката што се случила за да се доведе трпезата во таков ред.
Не е ни само тоа, самиот момент кога ќе налеташ на фотографија од некој непожелен може да ти го уништи денот, а сепак, социјалните мрежи се толку навлезени во секоја пора од секојдневието, што станува предизвик да се намалат.
Сепак, постојат начини - рестрикција, бришење на апликацијата, контрола на тоа колку време ќе се поминува на неа…
Еден обичен детокс овозможува многу потребна пауза од таа стимулација, и тоа и од примање и од креирање. Ако се тргнеме, си овозможуваме да бидеме присутни во моментот, да се фокусираме на реални конекции и искуства и токму ова предизвикува по приземно и поисполнувачко искуство.