Дали Мишел Фан е дел од култ?

Дали сите што сме прегорени од работа треба да се вклучиме во култ? Не, ама мало гратче во Швајцарија каде што правиш реконект со природата не звучи лошо.

Мишел Фан е на Јутјуб уште од неговите почетоци во 2006. Беше прва во многу работи и пионер во креирањето содржини со шминка, оценки за брендови, туторијали и слично. И бидејќи прва, за кратко време стана еден од најследените канали, со над 10 милиони прегледи по видео, направи компанија - не, империја, која подоцна ја проценија на 500 милиони долари и влезе во тие списоци на најуспешни 30 помлади од 30.

Славата, постојаната изложеност и обврските околу имање империја си земаа данок, Мишел „прегоре“ од работа и без да пријави никому (ни роднини, ни пријатели ни одбор на директори на фирма) се повлече во некое мало швајцарско гратче и „се поврза со природата“.

Кога се врати, уште беше молчалива, но полека почна да се враќа на екран и да ги збунува луѓето со чудни филозофии за спиритуални будења, па се појави неизбежното прашање: Дали Мишел Фан е во култ?

И не се само зборувања на памет - го нашле и „култот“ и киропрактичарот што се прогласил за спиритуален лидер и изјави каде што се согласува со него.

Фан вели дека нема ни карактер за во култ. Ама па нели кога немаш карактер за култ, не ти доаѓа да кажеш „чекај, да не сум сепак во култ?“

20 ноември 2023 - 11:25