„Природно“ на козметика не значи ништо

Зборовите „чисто“ и „природно“ звучат привлечно на етикетите на козметичките производи, но всушност се безначајни придавки кога ќе навлезеш во начинот на кој се прави производот.

Зошто е ова битно? Затоа што не можеш да ги запреш производителите на чистачи, шминки и други фини производи да користат лажливи описи за да продадат нешто што штети на природата.

На пример, зборот „чисто“ во однос на козметика нема никаква официјална дефиниција. Нема фталати? Нема мирис? Нема формалдехид?

Истото важи и за „природно“ - за да ставиш крема во тегла на безбеден начин, состојките треба да поминат темелно процесирање и самото тоа е многу неприродно.

„Зелено“ исто знае да биде лажно - заедно со „еколошко“ опфаќа голем број на атрибути и речиси ниеден производ не може да ги има сите.

„Без хемикалии“ е безначаен термин - сè во козметиката е хемикалија. Сапунот е хемикалија произведена со хемиска реакција.

Други беззначајни зборови: без парабени, без бои, без мириси.

Голем број истражувања ја проценуваат безбедноста на состојките во козметиката, но резултатите можат да се гледаат низ различни леќи, а не помага ни конкуренцијата заради која некои работи се сметаат за безбедни, а некои не - повеќето состојки со кои нè плашат се всушност многу безбедни, научно гледано.

Оние кои треба строго да ги гледаме почнуваат на П:

Парабени: ставени за долготрајност на козметиката.

Фталати (Phtalates): пластифицирачи, ги има во лакови и мириси.

Пер и полифлуороалкилни супстанци (ПФАС): Ги има во чистачи и шминка за да сјае лицето.

Догодина, Агенцијата за храна и лекови во САД треба да објави листа на алергени кои производителите треба јасно да ги означат на етикатата, па ова може да значи дека од некои од нив ќе мора да се откажат за да продаваат.

17 ноември 2023 - 09:28