Роберт Егерс, режисерот на римејкот на „Носферату“, на пример, рече вака:
„Бил е толку трансформиран, што мислам дека нема да ги добие заслугите што му следуваат, затоа што… Едноставно не е присутен.“
Ова се одлични вести за фановите олд-скул хорори, затоа што „Носферату“ е толку легендарен филм, што било каков римејк бара исклучителна сериозност и талент во пристапот.
Секако е во добри раце: Скарсгард не е единствента причина за високите очекувања - Егерс доаѓа од „Светилникот“ и „Вештерката“, плус „Нортман“. Се гордее со изведбата на Скарсгард, затоа што иако актерот сака да им оддаде почит на тие пред него, сепак станува „уште пофолклорен вампир“ на платно, и личи на „мртов трансилвански благородник“.
Новиот „Носферату“ доаѓа во кино некаде во 2024, што значи имаме помалку од година да ги повториме претходните верзии (1922 и 1979).