Ја нарече „Геноцид-Барби“, во реакција на вест дека Гадот помага да се организира проекција на филм кој ги прикажува нападите од 7 октомври.
Филмот го обезбедија Израелските одбранбени сили и се работи за 47-минутно видео што ги документира настаните и реакцијата на ИОС откако ги таргетираа сите локации под Хамас во Газа и убија над 200 милитанти.
Една израелска телевизија, Гадот и нејзиниот сопруг Јарон Варсално помагаат да се овозможи проекцијата, а вклучен е и оскаровецот-режисер Гај Натив, кој е исто така од Израел. Ќе го гледа група славни/јавни личности на датум што уште не го кажале во јавноста.
Ова ги вознемири палестинските активисти кои ја обвинија Гадот дека промовира пропаганда и го оправдува тоа што Израел ѝ го прави на Палестина. Меѓу нив и Миа Калифа, која сподели скриншот од насловот во Пејпер Магазин од пред две години, каде што пишува „Миа Калифа ја нарече Гал Гадот ‘Геноцид Барби‘ поради изјава поврзана со Израел и Палестина.“
И додаде:
„Упорно ви кажувам.“
Се работи за стара Инстаграм-објава на Гадот, каде што изрази тага и загриженост за конфликтот и рече дека и двете страни заслужуваат да живеат во мир и безбедност. Калифа тогаш ја изруга дека е „лажна феминистка“ и „воен злосторник“.
Не е ни прв пат - во 2017 Калифа објави и фотошопирана слика од себе како ѝ мава бокс на Гадот и напиша „Го сакам Блискиот исток и ги сакам Евреите, но ова е неприфатливо. Не може да си толку слеп за страдањата на палестинскиот народ.“
Гадот има служено во израелската војска пред да стане актерка и досега нема изреагирано на нападот на Калифа. Претходно кажа дека се надева на мирно решение за конфликтот и се моли за жртвите и нивните семејства.