Продукцијата на „Голда“ ќе почне подоцна годинава, а веста се објави минатиот месец откако се најави уште една продукција полна јаки фаци - на серија со наслов „Лавица“ и Шира Хаас во главна улога.
„Лавица“ ќе ја следи Меир од нејзиното раѓање во Киев, до детството во Америка и нејзината улога во формирањето на Израел и подемот до станување прв и единствен женски премиер на нацијата. Филмот „Голда“ пак, ќе се однесува на турбулентните времиња предизвикани од Јомкипурската војна.
Заедно со цел Израел, Меир и нејзиниот кабинет составен исклучиво од мажи ги изненади напад вечерта пред празникот во 1973, од египетски, сириски и јордански сили. Крвавиот конфликт што произлезе (овековечен во „Долина на солзите“ достапен на ХБО Макс) го распарчува растечкото чувство на самодоверба кај нацијата во завојуваниот регион.
„Голда“ ќе го режира израелскиот режисер Гај Натив, кој доби Оскар за краткиот филм „Кожа“ во 2018 - филм за нео-нацисти што после тоа го направи долгометражен.
„Како човек роден за време на Јомкипурската војна, почестен сум што можам да ја раскажам оваа приказна, за првата жена што го водеше Израел,“ изјави Натив. „Брилијантното сценарио на Николас Мартин нурнува во последното поглавје на Голда додека земјата се соочува со смртоносно изненадување за време на најсветиот ден во годината. Превозбуден сум што ќе можам да работам со легендарната г-ца Мирен за да ја оживеам оваа емотивна и комплексна приказна.“