Си оди: „Чиста“ естетика
Доаѓа: Парти-грл изглед
„Исплакнатото“ се базираше на минималистичка шминка, и аман више. Сега, според Брдвел, можеме да очекуваме замена со повеќе бои, светки и апстрактни комбинации. Следачите на трендови велат дека се враќа клупската сцена, плус се става акцент на себеизразување, па ќе гледаме впечатливи моливи и тушеви, неочекувани бои на усни и многу глитер, мултихроматско и кремасти текстури на сјајна кожа.
Си оди: Барбикор
Доаѓа: Патлиџан-шминка
Супер си беше Барбикор, ама му се гледа крајот - ништо толку дречаво не може да биде трајно. Затоа, во 2024 ќе дојдат потемни и похрабри бои, повеќе црвено, и тоа и на кармини и на сенки. И веројатно ќе си одат на крајот на 2024.
Си оди: Ролери за лице
Доаѓа: Терапија со црвена светлина
Тешко е веќе да се следи, ама ако се навикнавте на ролери за лице, почнете да се спремате за ново: ред-лајт терапија. Има апарати што се користат во домашни услови, како технологија за подобрување на квалитетот на кожата, а може да се популаризира и сонофореза (терапија со ултразвук).