Уште се слушаат пискотници за новиот „Оркански висови“

Филмот излезе, луѓето не затнаа. Филмските контроверзи обично се резервирани за политички трилери или хорори што ги поместуваат границите, но годинава најжестоките дебати на интернет не се водат околу нов жанровски експеримент, туку околу нова адаптација на роман од XIX век.

Феминизмот и генијалноста на бегинажите

Во средновековна Европа општествениот хоризонт за жените бил строго дефиниран - имаш две опции, според правните и религиските структури: брак или манастир. И дошле некои жени и рекле „не може така“.

Не, познатите мажи сигурно не изгледаат природно така

Што всушност прави еден „celebrity groomer“?

Пилатесот упорно иритира

Експлозивниот раст на пилатесот го претвори овој тип на тренинг од специфичен метод за рехабилитација и сила - во глобален фитнес феномен. А, со популарност си доаѓаат и контроверзи: за многумина, пилатесот денес не е само форма на вежбање, туку симбол на строго дефиниран идеал за женственост, тело и начин на живот - идеал што сè почесто предизвикува отпор.

Не користете ChatGPT за лични пораки - не е убаво

Сте забележале дека луѓето веќе и за лични ствари употребуваат ЧатГПТ? Од типот јавно честитање роденден на блиските и слично?

Среќа што „Криско“ никогаш не стигна кај нас

Во втората половина на 19 век, памучното семе можело да биде само земјоделски отпад. Откако ќе се извлечеле влакната од памукот, на фармерите им останувале милиони тони семиња со масло кое не било наменето за човечка исхрана.

Дечки, не е толку комплицирано

Како да привлечеш жена? За волја на вистината, девојчево од „Школа за женски“ малку прехрабро ветува дека со овие три „столба“, жените ќе ви се фрлаат пред нозе, ама па, сигурно нема да има никаква штета да се запознаете со концептот.

Сè повеќе родители сакаат женско

Сè поголем број родители ширум светот денес изразуваат нешто што до пред неколку децении ќе звучеше незамисливо: желба за ќерки наместо за синови. Историски, речиси во сите општества постоела јасна наклонетост кон машките деца, кои се сметале за наследници, економска сигурност и продолжување на семејната лоза, но последиците од таа пристрасност беа драматични, особено во делови од Азија, каде селективните абортуси доведоа до милиони „изгубени“ девојчиња и длабок демографски дисбаланс.

Мајките што престанаа да ги трпат неблагодарните возрасни деца

Во дигиталниот простор сè почесто се појавуваат гласови на родители кои јавно зборуваат за нешто што долго време се сметаше за табу: прекинот на односите со нивните возрасни деца. По години во кои психотерапевти, инфлуенсери и онлајн заедници ги охрабруваа младите да поставуваат граници и, доколку е потребно, целосно да се дистанцираат од „токсични“ семејства, сега се појавува контрадвижење. Неговиот тон е јасен и често гневен: не бевме лоши родители и проблемот не е секогаш кај нас.

Франција со писмо ќе ги моли младите да прават деца

Од владата тврдат дека „не е молење туку информирање“, ама со оглед на изјавите на Макрон дека ако се продолжи вака, ќе стане економски неодржливо - молење е.

„Новото“ апче што се користи за смирување ќе ви се види познато

Ние одамна си глодкаме диазепами, ама по свет открија - пропранолол. Класичен бета-блокатор што се препишува за срцеви заболувања, сега жени го пијат за смирување.

Теорија на Џарџарбинксизмот?

Една девојка на ТикТок тврди дека имаме наезда на мажи што личат на Џар Џар Бинкс - едно чудно суштество од универзумот на „Војна на ѕвездите“ и без разлика што од прва може ви звучи комплетно бесмислено, нека ви текне на Џон Траволта.

Нов велнес тренд: Flow State

Во случај некој да не знае - нормално дека е од ТикТок.

Поза „рака на гради“ е новото „рака на колк“

Миленијалци се познаваат по позирање за сликање со раката на колк - така нè учеа, божем да не ни се залепени рацете за тело затоа што така ќе сме изгледале поздепасти, а рацете ќе изгледале подебели. Демек, да сме дале некаква форма за сликање. Е па, за Генерација З, попознати како ЏенЗи сега божем незадолжително се става рака на гради.

Кога се потпираат на тебе, a ретко те прашуваат како си

Луѓето што ќе се препознаат во насловот нека се потапшаат по рамо - ако ништо друго, имаат развиено специфично комплетче вештини што им помагаат низ животот. А не им е лесно - поддршката секогаш тече само во една насока.

Жени над 35 се враќаат на некои стари, заборавени навики и многу им е добро

Сè повеќе жени над 35 години прават тивка, но значајна промена во начинот на живот. По години поминати во постојана продуктивност, паралелни обврски, side hustle култура и хроничен замор, доаѓа момент кога телото и умот бараат нешто друго. И ако може да биде побавно и потопло, фала.

Естетика на 2026: Чудната девојка од уметничко

Доста беше „тивок луксуз“ и „непо-бебиња“. Глобалната атмосфера на 2026-та бара посуптилна, а сепак поцврста енергија - не каква што нудат помодарки, туку оние чудните девојки од уметничко школо, што држат до себе, читаат поезија и имаат став кон светот што ги опкружува.

Твојот карактер објаснет преку хаосот што го оставаш по дома

Неуреден работен простор со купишта хартија на секоја површина. Познато?

Како зборуваа жените на Стар Холивуд

Една од најпопуларните гласовни актерки на интернет овој пат ги прикажува најповторуваните гласови во старите холивудски филмови. И веднаш ти е познато - од забрзаната кариеристка, до авторитативната постара жена и сè на спектарот меѓу нив. Одлична дигитална екскурзија.

Накитот што го носеше Марго Роби е индиско културно наследство што не знаеме како дошло на запад

Кога Марго Роби се појави на црвениот тепих во совршен фустан и впечатливо парче накит, и ја прашаа „што носиш“, рече „Ова е дијамантот на Елизабет Тејлор“. И факт е дека некогаш бил на Елизабет Тејлор. Ама бил и на жената во чиј спомен е изграден Таџ Махал.

Синдром „Бабина чанта“

Ние мислевме ќе биде пак за некој камбек на ретро естетика, а тоа да ти било за педијатриски труења. Накратко, колку и да го обезбедувате вие домот за да биде безбеден за мали деца, на спиење понекогаш доаѓаат постари роднини сосе терапиите во ташна. Е, тоа не ви е обезбедено.

Трендот е: Слушалки со жица

Без разлика дали можете да си дозволите безжични и дали даваат поквалитетен звук - славни личности кои важат и за модни примери што треба да се следат си тераат со жицата и не се замараат многу со технологија.

Како настана Hello Kitty?

Во 1974 година, 24-годишна јапонска дизајнерка по име Јуко Шимизу, речиси незабележливо, создава лик што подоцна ќе стане една од најпрепознатливите културни икони во светот.

Мајчиното млеко е чудо на еволуцијата

Во 2008 година, еволутивниот антрополог Кејти Хајнд работела во приматолошка лабораторија во Калифорнија, анализирајќи примероци од мајчино млеко кај резус-мајмуни. Истражувањето на почетокот изгледало рутинско, но со тек на времето, одредени обрасци почнале да се повторуваат доволно упорно за да не можат да се игнорираат.