Околу вицот дека „мажите се помалку емотивни од жените“

Дијалог и тврдење: Мажите се општо подобри лидери од жените затоа што подобро работат под притисок и не се емотивни и импулсивни. Поточно, тврдењето е дека подобри лидери се припадници на полот што е најсклон да се затепува по кафани и да вози невнимателно и над дозволената брзина.

Податоци од реалноста:

  • Жените поретко носат импулсивни и ризични одлуки.
  • Мажите значително почесто возат под дејство на алкохол.
  • Мажите почесто возат пребрзо и се впуштаат во ризично возење.
  • Мажите извршуваат огромно мнозинство од насилните кривични дела (околу 80-90%, зависно од статистиката).
  • Мажите почесто вршат кривични дела како подметнување пожар и злосторства поврзани со огнено оружје.
  • Мажите многу почесто умираат од самоубиство.
  • Мажите почесто злоупотребуваат тешки дроги како начин за справување со непреработени емоции.
  • Жените во просек постигнуваат повисоки резултати на тестови за емоционална интелигенција (EQ), особено во препознавање и регулирање на емоциите.
  • Големи медицински истражувања покажале дека пациентите оперирани од жени хирурзи имаат малку помала веројатност за смрт или постоперативни компликации.
  • Компании со поголемо учество на жени во раководството често имаат подобри финансиски резултати од компаниите со исклучиво машко лидерство

...и така натаму, ЗНАЧИ: Мажите имаат поголема тенденција одлуките да ги носат на база на емоција.

14 јули 2026 - 12:17