
Мислевме дека досега ќе биде јасно, ама штом има и кој да советува и да продава, и кој да купува, очигледно не е, па да повториме - месечниот циклус не ја прави жената „ваква или онаква“ - менструацијата е исфрлање ткиво од матката затоа што жената просто не забременила тој месец.
Точка.
Не, не е валкано.
Не, не треба да мириса на букет цвеќиња.
Не, и да испиеш шише вазелин, лубрикацијата на вагината не функционира преку желудник.
(Глупи едни.)
Патем, ај некако и да успее некој да излаже дека се подобрува чистотата и мирисот - ама дека со чај може и да се затегне?
(Не треба да се затегнува. Ако може сама после раѓање цело бебе да се врати во скоро па првобитна форма, чај сигурно не ѝ е потребен.)
Темелно објаснување и зошто не може и зошто е време да ги баталиме идеите дека на жената ѝ треба „унапредување“ од основните фабрички подесувања.