
Деветнаесетгодишната разголена танчерка од Париз - Мишелин Бернардини го облекува она што инженерот-дизајнер Луи Реар го нарекува „најмалиот костим за капење на светот“. Се состоел од четири триаголници материјал и со него се гледал и папокот, што било нечуено во западната мода во тоа време. Реар го нарекол бикини, по локацијата Бикини Атол во Тихиот океан каде што Американците тестирале нуклеарни бомби.
Моделот толку многу откривал што професионални манекенки сметале дека ако го облечат, ќе си ја уништат кариерата. Во повоена Европа, дури и дводелните костими за капење го покривале папокот, па креацијата на Реар преминувала граници што „никој не би смеел да ги премине“.
Во очај, Реар ѝ се обратил на Мишелин Бернардини, изведувачка во Казино де Париз, на која веќе ѝ било удобно да се појавува на сцена во разголени варијанти. За разлика од манекенките, Бернардини веднаш прифатила.
На договорениот датум, застанала до базенот Молитор во Париз пред еден куп фотографи. Во раката држела кутија за кибрит, демонстрирајќи го тврдењето на Реар дека костимот и таму го собира.
Фотографиите го обиколиле светот. Некои весници го третирале бикинито како морален скандал, некои го нарекувале непристоен и невиден безобразлук. Во неколку земји, меѓу кои Италија, Шпанија, Белгија и делови од САД просто го забраниле и така останало со години.

Сепак, ризикот на Бернардини се исплател. За неколку дена добила над 50.000 писма од фанови, што е неверојатно за некој што бил релативно анонимен пред настанот. И веднаш станала заштитно лице на едно од најконтроверзните лансирања во модната историја.
За разлика од други славни личности, Бернардини го прифатила вниманието. Продолжила да настапува со години потоа и никогаш не зажалила што кажала „да“ откако сите други кажале „не“.
Историјато полесно го памети Луи Реар како иноваторот на бикинито - но без волјата на Мишелин Бернардини да го носи, едно од најважните парчиња облека на дваесеттиот век може никогаш да не излезело пред очите на светот.