
Седумгодишното дете се пожалило дека е уморно, па татко му му дал грицки и сокче, го оставил на клупа и продолжил да се качува.
Еден работник на највисоката планина во Јапонија го нашол детето како седи само кај шестата станица на патеката Фуџиномија на височина од над 2000 метри. Го прибрал детето да го заштити и се јавил во полиција.
Како што кажува детето, таткото му рекол да го почека, додека да се врати од искачување на врвот заедно со братот на детето кој веќе бил погоре, а за што би му требале пет часа - што значи синот на таткото на годината треба сам да чека десет часа сам на највисоката планина во Јапонија?
Кога успеале да го добијат, веќе бил стигнат до осмата станица, што била оддалечена 3 часа од местото каде што го оставил син му.
Му рекле да се врати и го искарале.
Тој рекол дека „му е жал и донел избрзана одлука“.
Патем, Фуџи има микро-клима и дури и летно време можеш да настрадаш од хипотермија.
Имавме планинарски развод, ова што е, планинарско (давање на) посвојување?