Сте чуле за „планинарски развод“?

Знаете дека некои луѓе при планинарски подвизи и пешачења си ги оставаат партнерите сами во ситуација што знаат дека ќе им биде тешка за преживување? Причините варираат од „не им се чека“, преку „не им одговара темпото“, до „најлесно да се отарасам“.

Звучи модерно, а всушност потеклото му е од 1893 - шкотско-канадскиот писател Роберт Бар ја објавил кратката сатирична приказна An Alpine Divorce, во која сопруг планира да ја убие својата жена за време на патување во Швајцарските Алпи.

Причината поради која планинарскиот, или „алпскиот развод“ денес повторно е во центарот на вниманието е комбинација од еден трагичен случај и моќта на социјалните мрежи. Во февруари 2026 година, во Австрија беше осуден планинар кој ја оставил својата 33-годишна партнерка на највисокиот врв во земјата. Таа починала, а случајот и судскиот процес повторно го актуелизираат прашањето што значи да го оставиш партнерот во опасна средина и колку си одговорен.

Речиси истовремено, видео на ТикТок од жена која плаче додека се движи сама низ планински предел станува вирално. Нејзината приказна поттикна стотици други корисници да споделат слични искуства - од партнери кои намерно забрзувале и исчезнувале од видик, до ситуации во кои луѓе биле оставени без телефонски сигнал или јасен пат назад. На тој начин, индивидуални случки се претворија во поширока интернет-дискусија за довербата, емпатијата и безбедноста во партнерските односи.

А да, малце сме меки кога викаме „луѓе што си ги оставаат партнерите“.

Всушност се мажи што си ги оставаат жените.

@melhamlett Replying to @𝖌𝖆𝖇𝖔™️ #jfkjr #carolynbassette #alpinedivorce #adrenalineaddiction #decentermen @Melanie Hamlett ♬ original sound - Mel Hamlett
11 август 2026 - 12:37