
Значи, ретко ќе видите:
Телевизор и екрани во собата
Детската соба е место за спиење и игра, а не за гледање во екрани. Ако се користат таблети или телевизор, тоа најчесто е во заедничкиот простор.
Играчки и украси со популарни цртани ликови
Помалку има постелнини, ранци и украси со ликови од филмови и серии, бидејќи децата се помалку изложени на такви реклами.
Премногу пластични играчки
Наместо купишта играчки што не прават ништо корисно, се избираат едноставни и трајни играчки како дрвени коцки, кукли и материјали за креативна игра.
Тешки затемнувачки завеси
Се претпочита природна светлина и свеж воздух, наместо целосно затемнета соба, заради природниот биоритам.
Соба каде тешко влегува свеж воздух
Во нордиските земји е нормално бебиња да спијат надвор на свеж воздух, дури и во зима. Значи соба со отворен прозорец воопшто не е проблем.
Јаки, нападни бои насекаде
Бела, беж, пастелни бои и природно дрво. Силните бои и нијанси се претерана стимулација.
Полици преполни со играчки
Не се оставаат сите играчки надвор. Дел се складираат и се менуваат периодично за детето подобро да се фокусира и да не му се здосадуваат така лесно.
Мебел што детето не може само да го користи
Се избираат ниски полици, мали масички и кревети што му овозможуваат поголема самостојност.
Десетици плишани играчки
Наместо кревет полн со мечиња, најчесто се остава само по некое омилено.
Телефон или таблет пред спиење
Вечерната рутина повеќе се базира на читање, разговор и мир пред спиење.
Синтетичка постелнина
Почесто се избираат природни материјали како памук, лен и волна, бидејќи се попријатни и „дишат“.
Играчки што сами светат и зборуваат
Предност имаат играчки што ја поттикнуваат фантазијата, а не оние што даваат забава „на готово“.
Совршено украсена соба што не се менува
Детската соба се развива заедно со детето, наместо да биде само убаво декорирана слика за гледање.
Претерано „образовни“ украси
Помалку има табли со букви, бројки и пораки за успех. Фокусот е повеќе на играта и креативноста.
Неред од предмети без свое место
Секој предмет има свое место: книги, играчки, облека. Целта не е собата секогаш да биде совршена, туку лесно да се среди.