Вазектомија за сите мажи?

Ќе има и такви што ќе се нервираат од темава, ама ако може абортусот да се дискутира, тогаш може и ова. А, нека ви текне дека со вазектомија нема ни абортуси, па…

Патем, тврдењето дека „треба“ е дел од комично шоу, каде што жената кажува како ѝ е преку глава од внимавање, пазење и чување, додека татковство се постигнува со „многу малку труд“.

Вазектомијата е сѐ попопуларна во последниве 10 години - видливо е зголемена стапката на мажи во САД, во нивни 30-ти и 40-ти кои се одлучуваат на тој чекор откако ќе формираат семејство. Висока е стапката и во Канада, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија, а зачестува и во Европа, каде што сепак не ја надминува женската долгорочна и реверзибилна контрацепција.

И од вазектомија има назад, ама не е без ич ризик.

Зошто е популарно? Па, освен што е 99% ефикасно за превенција од бременост, воопшто не е тешка интервенција (15-30 минути), се опоравуваш за неколку дена и во иднина немаш трошоци за контрацепција ни по финансии, ни по здравје.

Она што најмногу ги охрабрува луѓето кои не сакаат да имаат деца, или веќе завршиле со тоа е што вазектомијата не влијае на тестостерон, либидо, ерекции и оргазми.

Но, да се нашалиме:

7 јули 2026 - 00:00