Џорџ Лукас порачува да престанеме да кукаме околу филмови направени со AI

„Полесно е со вештачка интелигенција и ништо не ѝ можете.“

Џорџ Лукас се расправа со Холивуд на тема фокус-групи и тест-проекции - смета дека премногу се потпираат на фановите и дека работата на студијата ја диктираат фанови наместо филмаџии.

„Не сакам фокус-групи,“ вели Лукас. „Публиката не знае што сака да гледа. Ако не им се допаѓа некој лик, тоа е интересно и како човек што работи филмови би сакал да знам зошто. Но, кога студиото ќе го слушне тоа, извлекува погрешна порака. Дозволува публиката да го доправи филмот. И нормално, сега се полудени со тоа. Сега е важно само што мислат фановите. Не се прават така филмови. Се прави филм со наоѓање некој што знае да направи филм, што има приказна за раскажување, што му е многу важна.“

Инаку, фокус-групите и тест-проекциите станаа рутински чекор во процесот на создавањето на филмот. Меги Џиленхол на пример пред неколку месеци кажа дека тестирањата ја вратиле назад со The Bride!, да ги преработи сцените со насилство. Џејмс Ган раскажа дека публиката се противела на моментот кога Супермен решил да спаси верверичка, додека Метрополис го напаѓа чудовиште (не ги послушал).

„Го прикажавме пред тест-публика и на некои луѓе не им се допадна верверичката,“ изјави Ган за Ролин Стоун. „Прашуваа зошто бре, спасува верверичка? Па, правевме нова монтажа и јас сфатив дека ми фали верверичката. Мора да ја спаси. Па ја вратив, иако ми се бунеа некои луѓе од екипата.“

А тоа што Џорџ Лукас има да каже за вештачката интелигенција и нејзината улога во создавањето филмови може да разочара многумина:

„ВИ значи дека сега ни е многу полесно да правиме филмови,“ вели тој. „Да се противиш е како да викаш дека ‘запрежна кола е правата ствар, затоа што ова коливе се расипуваат, им треба гориво, има секакви проблеми, па кога ќе почнат со тенкови, па кога ќе фатат да убиваат луѓе, ужас ќе биде‘. Не можете ништо да направите. Тоа е прогрес. Тоа е иднината.“

16 јули 2026 - 00:00