На 12-ти декември, Кристис во Париз ќе изложи селекција од многу ретки Ермес и Шанел ташни на аукција. Кое е главното парче? Кели ташната на Ермес, која се очекува да се продаде за сума од 60.000 до 80.000 евра. Стан.
Затоа што интернетот е полн со глупости, особено македонскиот, наше е да избереме дали ќе се будиме (или ќе го почнуваме денот) со слика од недоветни ликови, или едноставно, со кафиња што мрдкаат, бикоз - утро. Ова второво боље звучи и изгледа.
„Какво е чувството да те блокира лидерот на слободниот свет?” е едно од прашањата за најстрашната манекенка на светот - ако го прашуваш Трамп. Ама ако ја прашаш нејзе, и тоа 73 случајни, занимливи прашања ќе добиеш уште позанимливи одговори.
2017-та сме, и замислете, сè уште има луѓе што мислат дека пригодна тема за пријатен разговор со жена (каде што и таа ќе се чувствува пријатно) е дали носи долна облека. Некои луѓе мислат и дека е доволно пристојно да поминеш покрај жена во град и ничим изазван да ѝ речеш „што си толку намрштена”. Некои луѓе... ма, нема крај, уствари.
„Некои луѓе поставуваат интересни прашања и те тераат да се замислиш за работата, понекогаш и за себе, на еден нов начин. Те предизвикуваат да изустиш работи што можеби никогаш не би ги изустил. Те тераат да сфатиш нешта што не си ги сфаќал за себе или за некој проект на кој работиш.”
Дали некогаш сте излегле феноменално на слика и сте си рекле „Баш ме занима како ќе изгледав на истава слика, само без шминка”? Не? Па... добро. Сега можете и тоа да дознаете. Има апликација.
Messy Nessy Chic е блогот што ни ја покажа последната продавница за филмски реквизити во Париз, и ни раскажа како да посвоиме замок во Франција, а секојдневно ги части своите следачи со секакви фини куриозитети пронајдени на интернет. А ако не се пронајдени на интернет, тогаш најчесто ги наоѓа во Париз. Авторката на блогот сега има книга и веб серија.
British Pathé е едно богатство од снмики што сведочат за секое поле од животот кога нашите баби и дедовци биле мали. Заради нив знаеме како пред 60 години правеле пудра, и они сведочат за постоењето на салони за убавина за мажи, матејќи им ја водата на (непостоечките) алфа-мажи. А понекогаш, чуваат и вакви работи: во еден момент, жените се такмичат која ќе извади побизарна капа.
Зад најновото од категоријата „Кај им текнуе” стои идејата дека нема смисла жените што сто пати стискаат „снуз” и ги шамараат сите саатчиња со аларм, да страдаат поради нивната неспособност да се разбудат рано. Постои вагинален аларм, луѓе, и се употребува точно како што мислите дека се употребува.
J. Crew и нивниот бренд Madewell моментално се на едно дигитално стрелање од една малку неверојатна причина. Интернетот им полуде дека „не се потрудиле доволно околу фризурата на нивната црна манекенка.”
Фино е да се шират добри вести, ама помина доста време од последниот повод за частење кога дознавме дека тестенините не дебелеат. За частење беше и што Wet n Wild дојде кај нас, ама малку работи придонесуваат кон позадоволна душа како тесто и шеќер.
Мерил Стрип е на новата насловна на Вог, и за да прослави, оди во канцеларија на муабет со уредничката на Вог, Ана Винтур, според која го изгради ликот на Миранда Присли во „Ѓаволот носи Прада”.
Воопшто не е фино да си селебрити фаца и машко во моментов во Холивуд. Додека периодов, нема режисер, глумец и продуцент што навечер не легнува без да се помоли „жити све да не ѝ текне на онаа дека пред 20 години ја загледав во деколте”, неколку жени истапија со изјави дека Том Хенкс е стварно еден прекрасен човек и тоа нема смисла.
Хомофобите и алфа-мажјаците (овие вториве излезе дека се измислени, првите за жал - не), често милуваат да кажат дека денес мажите посветуваат време на својот изглед и се грижат за себе заради некакво помодарство, па очајно ќе кажат дека порано не било така. Да бевме Британци, може некој од нив ќе си го најдеше и дедо му тука.
Има места каде што треба мрчење – на пример зошто Скарлет Јохансон глуми лик што треба да го глуми Азијка во Ghost in the Shell. А има и пуштање трејлер за новиот, сè уште неизлезен филм каде што Бри Ларсон глуми научник што оди во Индија, и влечење на истата Бри Ларсон по патос затоа што – не ја почитувала индиската култура.
Кога ќе сфатите колку совршено добра шминка сте фрлиле низ годините може да ви се потслоши, ама ај, никогаш не е касно да се научиме. Ножици, алатчиња што најверојатно ги има на Ибеј за долар, шприцови и слично - и од производот имате за уште некој месец.
Ви текнува на едни Оскари, кога Шон Пен го заебаваше Алфонсо Куарон дека е нешто имигрант (а се дружат приватно) и пред Куарон да стигне да каже дека тоа им е интерна шала, светот збесна бранејќи го? Е па, никако да помине таа мода.
Грижата за кожа и декоративната козметика имаат комплетно поинаква филозофија во Јужна Кореја (од утринска и вечерна рутина за нега на лице, до начин на шминкање), што само го прави овој експеримент многу посмешен.
Ема Томпсон како филмски ветеран го коментира Харви Вајнстин, и ретко кој е вака едноставно и отсечно мудар баш на оваа тема, полн со тешки факти и одлучен дека начин за искоренување има, сè додека ни е јасно дека решенијата се многу очигледни и прости.
Пред некој ден, другарка ми П. на вечера ми објави дека се откажува од шопинг. Навикната сум на вакви изјави, од пријатели што се откажуваат од глутен на пример, додека си ги дојадувам тестенините. Сега шопингот е изгледа новиот глутен. Пешачев до дома таа вечер и си размислував за моите шопинг-навики. Знам точно зошто јадам глутен. Знам што ми даваат тестенините и лебот: чисто задоволство. А шопингот? Што ми дава тоа искуство, освен уште повеќе облека?
„Се очекува да сакаш големи гради,” почнува Дејна, една Њујорчанка која одлучува да оди на операција за намалување на градите. „Се очекува сите да сакаат.” Освен кога градите се дојдени до големина што предизвикува болка, повреди и не дозволуваат да вежбаш.
Девојките со природно права коса и кога се на плажа, кога ќе излезат од вода и косата ќе им се исуши на сонце - имаат фризура. Девојките со природно виткана коса имаат гнездо. Ама, како што изјавува Анџела Мери Ваз, авторката на едни слатки илустрации околу проблемите со витканата коса: „Во секое време сигурно ќе ги изберам моите локни наместо права коса.”
Иако сме во длабоко загазени во сезона на вештерки (читај: лов на језиви мажи без осет), сепак човек не може, а да не се подзамисли на колку од тие што обвинуваат стварно им тежело со години, па конечно можат да кажат, а на колку им текнало дека сега им е дојдено времето да засјаат.