Hermès Kelly: Најскапата ташна во Европа

На 12-ти декември, Кристис во Париз ќе изложи селекција од многу ретки Ермес и Шанел ташни на аукција. Кое е главното парче? Кели ташната на Ермес, која се очекува да се продаде за сума од 60.000 до 80.000 евра. Стан.

Наскоро доаѓа аукцијата на Кристис во Париз каде што ќе има наддавање за екстремно ретки ташни, од кои најбитна е - 

Kelly 20 Himalaya Crocodile Niloticus.

Зошто е толку важна, ако го занемариме (а нема да го занемариме) фактот што некогаш ѝ припаѓала на Елизабет Тејлор? Се работи за нејзината полу-големина, формат кој куќата престана да го произведува пред 15 години. Иако продавачот не очекува да го надмине рекордот на најскапата ташна во светот, кој го држи уште еден Ермес, Hermès’Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin 30 продадена за 380.000 долари во Хонг Конг, Кели сепак очекуваат да собере до 80.000 евра, што би значело дека ќе биде најскапа ташна во Европа.

17 ноември 2017 - 11:42