Што се случува кога Корејки ќе добијат западњачка шминка

Грижата за кожа и декоративната козметика имаат комплетно поинаква филозофија во Јужна Кореја (од утринска и вечерна рутина за нега на лице, до начин на шминкање), што само го прави овој експеримент многу посмешен.

На Корејки во студио им носат шминкерка од Франција, скроз испраксирана во западњачкиот начин на шминкање - нели, јаките веѓи, контурирањето и сите други Инстаграм ствари што ги знаеме - и до крај на шминкањето не им даваат да се видат, како што тоа обично бива.

Резултат: три избезумени жени, на кои не им се верува што гледаат во огледало. На прашањето дали би го повториле изгледот, една вика дека можеби и би го искористила - за маскенбал. Друга вика дека да излезеш така на улица, луѓето ќе бидат убедени дека си странец, а на третата и е толку незгодно, што почнува да се фаќа за коса и да се правда со „ова не сум јас.”

Чудо е колку различно функционираат истокот и западот и колку малку ни е на нас јасно сето тоа, дури и за вакви тривијални работи.

8 ноември 2017 - 07:00