Мора да разговараме за еден кармин на Wet n Wild

И тоа не само да кукаме и да си покажуваме Јутјуб видеа од некои таму како го пробуваат. Го има во Скопје и пробан е. И трае ЦЕЛ ДЕН.

Разговараме за Wet n Wild Megalast Liquid Catsuit Matte Lipstick. До сега кај нас виден само во DM. 

Авторот на оваа статија го купи овој:

Иако заради нијансата инсистира на целосно нашминкано лице  (пудра, појака шминка на очи), она што е фантастично е што можеш да го нанесеш сабајле, да излезеш, да работиш, да пиеш кафе, да шеташ низ град, да јадеш, да созрееш, да напишеш книга, да остареш и тек некаде кон крајот на животот да приметиш дека НЕШТО МОЖЕ СЕ ИЗБРИШАЛ МАЛКУ.

Во превод, тоа „megalast” (мегатраен) во називот е скроз оправдано. Единствено што може да влезе во категорија недостаток е тоа што, бидејќи е мат кармин, бара совршено третирани усни. Значи бидете вредни со лабелата и пилингот. Ама сепак, ова предупредување може да се должи само на бојата, и можно е другите нијанси да функционираат поинаку (што и ќе дознаеме наскоро).

Во секој случај, топла препорака. Цената е нешто над 300 денари.

Бонус - купете го и ова:

За тие што не се разбираат до крај, позади има ваква налепница, да не заборавиш како беше:

Повелете и друг пат.

30 октомври 2017 - 11:34