Во случајот на девојкава, градите и пораснале нагло во доцните тинејџерски години. Била балерина - и повеќе не можела да биде. Почнува да ја боли грбот, да се појавуваат и други проблеми и на крај се одлучува за хируршко намалување.

Го споделува со светот преку влог, прикажувајќи ја целата процедура, плус ѕиркање во операционата сала и најсимпатичното - нејзината едноставна приказна, на девојка што само сака да се почувствува слободно.