Со него имала само бизнис контакт и тоа ѝ било многу. Го нарекува „само површина” на сè она што е сокриено, односно сите негови колеги (а ги има многу) во Холивуд, што ги практикуваат истите глупости.
Водителката ја прашува дали баш сите тие се „до толку.” Ема Томпсон вика,
„Мора ли да бидат, за да се важи? Се важи само ако си им направил така на многу, многу жени, или се важи и ако си направил така со една? Мислам дека е второто.”
Додава и дека во В. Британија има 66 милиони луѓе, од кои околу 35 милиони се жени. И вистината што ја кажува, дека најверојатно секоја од нив има по една непријатна приказна која вклучува маж што е без осет, е истовремено и едноставна и очигледна и запрепастувачка. Според неа, еден од главните проблеми е системски - дека нема доволно жени на моќни позиции, и на врвот на тие продукциски куќи.
А за решението, една работа треба да се случи: луѓето мораат да бидат соочени со своето недолично однесување.
Ќе ви се чини дека можете цел ден да ја слушате: