2017:

Учиме како се збори со жени

2017-та сме, и замислете, сè уште има луѓе што мислат дека пригодна тема за пријатен разговор со жена (каде што и таа ќе се чувствува пријатно) е дали носи долна облека. Некои луѓе мислат и дека е доволно пристојно да поминеш покрај жена во град и ничим изазван да ѝ речеш „што си толку намрштена”. Некои луѓе... ма, нема крај, уствари.

За овие, а и други варијанти на „што вака сама?” се збори во едно видео на SOML, појачано со многу high-profile примери, како на пример, кога ја прашаа Аријана Гранде, веројатно понесени од нејзиниот изглед, а и младата публика - што ќе избере: шминка или телефон? 

Еден глуп водител, исто така, ја прашува Скарлет Јохансон дали носи долна облека, што не се знае точно во кој униерзум него му се чини логично и фино за прашување.

И како што ќе каже девојчето на видеото, „верувале или не, на жените не им е пријатно кога ја негирате нивната работа, успех, и карактер со поставување прашања околу тежината, шминката, модните избори и слично.” Едно е кога е тоа тема на муабет. Друго е кога промовираш филм, и тебе те прашуваат дали носиш гаќи, а Џереми Ренер до тебе (нели, машко) не го прашуваат.

Кај лежи поразот?

Дека уште треба да се учиме, а не сме мали.

16 ноември 2017 - 17:03