Апликацијата што никој не ја побара

Дали некогаш сте излегле феноменално на слика и сте си рекле „Баш ме занима како ќе изгледав на истава слика, само без шминка”? Не? Па... добро. Сега можете и тоа да дознаете. Има апликација.

Ја има креирано маж, што го зезаат дека е од оние „однеси ја на базен на прв состанок” типови, и функционира на тој принцип што прикачуваш фотографија и ја брише цела шминка од твоето лице.

Бар така би сакала апликацијата. Според сликите „пред и потоа” што ги постирале некои луѓе, многу е лесно да ги заебеш глупите функции. На повеќето „потоа” фотографии им се подзабришани делови од шминката, ама со оглед на тоа што апликацијата не ги опфаќа сите слоеви и чекори од едно шминкање, лицето сепак изгледа фино извајано, така што, насловот на една од статиите кои го покриваат овој новитет, односно „Маж измислува апликација за да види какви се жените без шминка”, малку е промашен.

Креаторот, Ашот Габрелијанов, инаку според Бизнис Инсајдер - про-руски пропагандист кој некогаш водел про-руски онлајн весник наречен Лајф Њуз, за Базфид ја дава следната изјава:

„Ја направивме Мејк Ап како експеримент и ја пуштивме. За жал медиумите ја ставија во контекст со „техничарчиња што се обидуваат да повредат жени,” што не може да е подалеку од вистината.”

15 ноември 2017 - 19:20