Не биди турист во Париз

Messy Nessy Chic е блогот што ни ја покажа последната продавница за филмски реквизити во Париз, и ни раскажа како да посвоиме замок во Франција, а секојдневно ги части своите следачи со секакви фини куриозитети пронајдени на интернет. А ако не се пронајдени на интернет, тогаш најчесто ги наоѓа во Париз. Авторката на блогот сега има книга и веб серија.

И двете ствари се викаат „Не биди турист во Париз” и иако за книгата најверојатно малку ќе почекаме, тоа што одма можеме да го ѕирнеме е серијата. На Фејсбук излезе првата епизода, посветена на Les Puces, или Flea Market, или по нашки - бувљак, и тоа париски, кои најверојатно крие повеќе приказни од сите библиотеки заедно. Посебен ќеиф прави кафаната на крај, напикана во најстариот дел на бувљакот, кичеста, гадна и ултра шармантна. Неодоливо потсеќа на македонска прчвара, ама од оние со твои луѓе, каде што бегаш кога сакаш да се сокриеш од брзиот свет околу тебе. Со синтисајзер, со сумњиво вино, со све.

На Ванеса од Messy Nessy Chic може само да ѝ се честита - што својата вљубеност во необичните делови на Париз што немаат врска ни со кулата ни со Монмартр успева многу достојно да ја сподели со светот.

Еве го видеото, да поуживаме малку во тоа блиско културно милје таму при крај:

14 ноември 2017 - 21:40