Дечки, извинете, ама алфа мажјаци не постојат

Ова „извинете” е за сите што се гордеат со своето бивање на „алфата” во друштво, на работа, и по дома. Постојат ли такви уствари? Ако постоите, онда - штета. Затоа што ова подоле има и тоа каква логика.

Не само што ни кај волците не е до крај точно, како што се обидел и да објасни авторот на терминот, ама никој не го слушал, туку ни кај шимпанзата, ни кај другите животни. Во превод: најсилниот и најагресивниот не секогаш е и лидер на глутницата (во која и да е форма), ниту пак е прв кога се бира партнер(и).

Чисто информативно, никој не седи вака во диско, и ако вие седите - не е добро.

А кај луѓето е па уште поглупо да се бара алфа мажјаци, затоа што прво - социјалната хиерархија ни е поинаква (вие може сте најдобри во сечење дрва, ама не сте најдобри во пливање), а второ, фактот што на човекот како род многу му се свиѓа терминот „алфа”, не значи дека смее да го користи освен ако не сака да дава - погрешни изјави.

Така што, следниот пат кога ќе се вљубите во алфа мажјак од човечки род, или уште потажно - ќе се сметате себеси за алфа мажјак од човечки род, нека ви текне дека типот кој прв го смислил овој термин - од петни жили се трудел да го повлече.

Али луѓе ко луѓе кога нешто им одговара - ко пијан за плот.

Да видиме:

1 ноември 2017 - 14:48