Plus-size полека се претвора во mega-size и тоа ни се случува пред очи. Од едната страна притискаат активистите, додека од другата нема отпор за да не се почувствуваат запоставено после толку години запоставување. И до кај стигнавме? До промовирање гојазност.
До сега серијалот „100 години...” имаше смисла, затоа што беше убавина, патики, шминка, маскенбали и слично, ама никој не помисли дека има доволно материјал да се направи и епизода за пластична хирургија.
Кај нас „префинето” предизвикува позитивни асоцијации, но сепак, има мал дел од значењето што те тера да мислиш на нешто што ти е далечно кога си во хаос на кое и да е поле. А може толку лесно да се искористи за подобрување на која и да е ситуација.
Мишел Обама има мемоари со наслов Becoming, и меѓу другото, искористува прилика цело време да го закача сопругот, кој случајно е првиот црн американски претседател. Меѓу другото.
Во последниве три години, околку 1 милијарда долари во инвестиции се истурени во технологијата за женско здравје. И нема врска дека технолошката индустрија станала женска.
Според Џеф Колинс, автор на „Уметноста на работењето” (скроз непривлечен наслов), постојат два типа на корисници на социјални мрежи: прскалки и правосмукалки. Првите споделуваат содржини, а вторите ги вшмукуваат. Функционира како синџирот на исхрана - едното не може да постои без другото, а заедно ги оддржуваат социјалните мрежи во живот.
Ако веќе мора да му се покаже на детето дека згрешило, а не се разбира со муабет, тогаш, фино би било да се разбудиме во свет каде што сите казни изгледаат вака.
Две децении откако се инкарнираше, еве ни го гранџот назад, затоа што носталгијата по ’90-ти ја фасцинира новата генерација - само едно скролање на Инстаграм нè дели од доказите. И со Redux Grunge, на возот се качува Марк Џејкобс, кој го изеде поради обидот да го направи истото во ’90-ти.